На 1 декември “ќе врие“ пред Собранието

 „Македонија блокира"-невладините организации , кои се против промена на Уставот и бараат распуштање на Собранието и распишување избори, на 1 декември (сабота) од 12 часот ќе организираат протест пред Собранието на Република Македонија, во исто време за кога е закажана собраниската седница за  нацрт-амандманите на Уставот.

-Во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за нацрт уставните амандмани,  а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ. Последна шанса за нашата генерација. Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето, трето нема. Целта на сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер, соопшти „Македонија блокира" денеска на прес-конференција.

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, соопштија од опозиционата партија.

Од таму информираат дека новиот Централен одбор го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.

Внесуваме нова енергија во нашите редови. Ги отвораме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности, соопштија од СДСМ

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

-Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требаше веќе го направиле.

-На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

Популарно