Благица Павловска пред втор развод?

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска пред неколку години изјавуваше дека го пронашла внатрешниот мир преку песна, љубовта кон саканиот и љубовта кон животните.

Павловска многу ретко се појавува во медиумите, но сега реши дека е време јавно да проговори што и се случува на приватен план. Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“, Благица пред камери отири дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.

Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов. Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти, вели познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“

Таа неодамна настапи на фестивалот „Роса“ каде се појави во друштво на пријателка, но не и со нејзиниот партнер Тале со кого вели дека склучила граѓански брак пред четири години, детаљ од нејзиниот живот кој досега беше незпознат за јавноста.

Иако не потенцираше дека на љубовно поле не и цветаат ружи, Благица на парашањето поврзано со бракот вели:

Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив, ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“.

Инаку, ова е втор брак на Благица Павловска која своевремено изјавуваше дека не верува во оваа институција, но сепак уште еднаш се обиде да и даде шанса на љубовта, а дали ќе ја спаси, останува да видиме.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно