Сведочењето на Нинџа ги разоткри функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за упадот во Собранието

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата.

Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.

-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.

Тој понатаму продолжи: -Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.

Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Замина тивко во ноќта без глас-јавноста вечно ќе го памети

На денешен ден пред седум години почина македонскиот актер Владимир Ангеловски- Дади.

Актерот почина по кратко боледување на 66 годишна возраст, а зад себе остави стотици и стотици изиграни претстави, незаборавни ликови, како и познати улоги во македонските народни приказни.

Јавноста ги памети и огромениот е бројот на улогите во кои се појавува Дади, од детските серии и драми, па сѐ до сериозни улоги во повеќе значајни македонски филмови, серии и драми.

Незаборавни се и ликовите Диди и Дади што ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во ТВ-серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така, Дади се појавува и во оперите на МНТ „Шеќерна приказна“ и „Деспина и мистер Докс“. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо“ во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”, со кои заработува и некои од своите многубројни награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, „Битолски лакрдии” и многу други.

Од денес ова задолжитено да го имате во вашите возила

Од денес15 ноември до 15 март треба задолжително да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. 

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка  на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата,во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Придржувањето кон законската обврска за поседување на зимска опрема овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата  во зимски услови.

Мицотакис го „провоцираше“ гостинот Заев со новото лого, но тој бил задоволен од средбата

Премиерот Зоран Заев  по вчерашната средба со Киријакос Мицотакис на Самитот во Солун рече дека го информирал шефот на грчката Влада за напредокот во спроведувањето на Договорот од Преспа, а неговиот колега исто така му реплицирал за примената на спогодбата од страна на Грција.

Запрашан да го коментира новото лого за производи од македонскиот регион што беше претставено на Самитот во Солун истиот ден во присуство на Мицотакис, Заев рече дека сè уште не го видел, но додаде дека има меѓународни регулативи за овие прашања и изрази уверување дека ќе се најде најдобро решение за заштита на брендовите, производството, историјата и гордоста, „бидејќи тоа е она што го прават пријателите“.

„Ние сме пријатели и ќе продолжиме да бидеме пријатели“, рече Заев, откривајќи дека го поканил Мицотакис да ја посети Северна Македонија и се надева наскоро и дека грчките министри до крајот на 2019 година ќе го посетат Скопје.

Тој, исто така, потврди дека зборувале за билатерална трговија, бидејќи Грција е втор најголем трговски партнер на Македонија и трет по големина инвеститор во земјата.

Заев имаше и средба со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, еден од најзаслужните за постигнувањето на Преспанскиот договор. На новинарско прашање, тој истакна дека премиерот на Македонија му кажал дека е задоволен од однесувањето на Мицотакис и дека комитетите за производи и учебници напредуваат, но можеби ќе треба забрзување.

„Рековме колку е пријатно секој пат кога сме тука. Тоа е многу пријателска, продуктивна и прогресивна клима“, 

Темите на состанокот, како што истакна Бутарис, биле развој на врската со музејот на холокаустот во Скопје, еколошката организација со која веќе работи Арктурос, како и прашањето за преговорите за пристапување во ЕУ по француското вето.

„Заев е сериозен политичар, тој не брза, тој има многу прогресивна перцепција за својата земја и мислам дека треба да одговараме на таквата иницијатива за развој на пријателства меѓу народите. Соседните земји треба да имаат пријателски односи и да не бидеме во борба “, рече Бутарис.

Премиерот на Северна Македонија, исто така, даде изјави за неговата средба со поранешниот градоначалник на Солун, велејќи дека „двете земји се пријателски“.

„Јас градам пријателство со секого во Грција“, рече Заев, додавајќи дека тој и Бутарис разговарале, меѓу другото, за подобрувањето на односите меѓу двете земји и експлоатацијата на културата во оваа насока.

Изгледите за Македонија за влез во НАТО и Европската унија беше во центарот на состанокот што се одржа денес на маргините на Самитот во Солун 2019 од страна на американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, и премиерот Заев..

„Одлична дискусија со премиерот Зоран Заев за силната поддршка на САД за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ и за важната улога што Грција ја игра во оваа евроатлантска иднина преку зајакнување на одбраната и безбедносната соработка во енергетиката, трговијата и инвестициите“, објави американскиот амбасадор на Твитер.

Популарно