ВИДЕО: Украде 38 „Милка“ чоколади од 300 грама во маркет во Штип!

Крадењето во големите маркети е сериозен секојдневен проблем.

Овој пат ви презентираме снимка од еден од најголемите маркети во Штип, на која се гледа како крадецот однесе 38 чоколади „Милка“ од 300 грама. 

Испратено од анонимен

ФОТО: Голем пожар беснее на Скопска Црна Гора

Големиот пожар кој избувна попладнево во Скопска Црна Гора, беснее и вечерва. Црн чад и оган може да се забележат и вечерва од планината.

Густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје.

Вака изгледа пожарот од Скопје

Испратено од Коце

ВИДЕО: Бањање во Велешко Езеро сред зима!

YuoTube е се популарен во Македонија, а нови јутјубери има речиси секој ден. Секако, успеваат само најдобрите и најупорните, а дечкиве се тргнати во тој правец. Сепак, цената за популарноста на YouTube некогаш е „солена“. Како на пример, пливање во Велешко Езеро на 10ти Март.

Иако сонцето може да лаже, надвор е сеуште зима!

Испратено од Мако Росс

ФОТО: Млад скопјанец делеша рози на непознати дами бидејќи не може да израдува својата мајка

Никола Славковски младото момче кое минатата година делеше рози, и оваа година ги изненади припадничките на понежниот пол.

Бидејќи неговата мајка за жал е прерано почината и неможе да ја израдува, тој со помош на својот братучед Христијан Тихомировски шеташе низ центарот на главниот град и делеше свежи каранфили, но и вештачки рози со јасна порака дека: Љубовта кон нив ќе престане тогаш кога оваа роза ќе овене!

Испратено од Мако Рос

Популарно