Српската пејачка приведена додека снимала спот

Српската пејачка Теодора Џехеровиќ била приведена во Египет за време на снимањето на својот спот.

Нејзината мајка потоа се оглаис и кажа дека Теодора била пуштена и дека се добро се завршило.

(ВИДЕО) Саша Видиќ: „Да сум некој фраер сега би те оженил"

Дара Бубамара, Цеца Ражантовиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Брена, Ана Николиќ често се на мета кај српскиот дизајнер Саша Видиќ.

Овој пат тој за Марјана Станојковска за Бекстејџ даде само пофалби, а ги искоментира и другите јавни личности кај нас.

 - „Десетка, браво. Ти благодарам што ја носиш модата. Да сум некој фраер сега би те оженил. Навистина прекрасно изгледаш“ изјави Саша.

Раста прекинал настап, па сакал да се тепа со момче од публика

Стефан Ѓуриќ Раста гостувал во Подгорица и се било ок додека не го „напнало“ момче од публиката. Наводно дечкото фрлил со метален предмет кон бината, а тоа го налутило Раста кој го прекинал настапот и тргнал да се тепа. 

Обезбедувањето реагирало експресно и ги запрело музичарите. Раста почнал да вика кон момчето да дојде, го нарекувал со погрдни имиња, но, за среќа, поголем инциднет бил спречен. 

Музичарите брзо се вратиле на бината, и по уште само една тема го завршиле настапот. По излегувањето од ВИП ложата Раста и екипата клоцале се пред себе и се гледало дека се бесни. 

ФОТО: Дарио ужива со сопругата на одмор

Пејачот Дарио Панковски и неговата сопруга Бојана летуваат во Грција.

Само што пристигнаа на Крф, Дарио објави неколку видеа од островот, а сподели и селфи-фотографии на кои е прегрнат со сопругата, па пријателите му искоментираа дека изгледаат заљубено исто како на почетокот на врската.

Дарио и Бојана на почетокот на годината прославија 30 години брак. Тие имаат две деца, синот Бруно и ќерката Андреа.

Популарно