Почина и последниот сведок за смртта на Јелена

Сите сведоци кои знаеја нешто за убиството на пејачката на Гранд, јелена Крсмановиќ Марјановиќ, се мртви.

Како што пишува српскиот Курир, сведоците на убиството кое не може со години да се расчисти починаа, почнувајќи од мајката на Јелена, Зорица, која буквално почина од тага, нејзиниот пријател, текстописецот Саша Милошевиќ, а сега во трагичен настан и пријателот на Зоран Марјановиќ.

Пријателот на сопругот на јелена кој не се двоел од него по смртта и трагичниот настан, почина пред да сведочи откако случајот се отвори од ново.

ФОТО: Тања Савиќ ја нема веќе црна коса по која е препознатлива

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања. Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ го покажа и другиот свој талент

Српскиот пејач Дарко Лазиќ покажа уште еден талент, покрај тоа што одлично пее. Снимка која ја објавил на Инстаграм воодушевила многу негови следбеници.

Пејачот во октомври 2018 година имаше тешка сообраќајна несреќа, па мораше да паузира со кариерата, но многу брзи ѝ се врати на музиката.

Многумина знаат дека пејачот има талент за пеење, но не и дека одлично свири хармоника, што сега и покажа.

ФОТО: Поранешната сопруга на Кајмакоски доби романтично изненадување пред врата

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитријовска, која се проба и во водите на музиката, доби неверојатно изненадување пред својата врата со кое се пофали на социјалните мрежи.

Моделот не откри дали со подарокот има и посвета и картичка, ниту покажа од кого е изненадувањето, туку само сподели фотографии.

Популарно