Внуката на Беличанец со емотивна посвета

До мојата тетка Билјана Беличанец

Тето, мој идол, моја вечна муза,

Ти се чудеше колку е сино небото овде, ах тето сега тежок, темен облак се створи над нас, над мене и брат ми, откако ти замина.

Кога ти го честитав последниот роденден и кога само посакував да си среќна како на видеото од тебе што скришно го снимив-ти пееше, играше, се смееше, ти кажав ништо не е повредно од твојата среќа и здравје, ти кажав колку бескрајно те сакаме, ах да видиш сега тето колку солзи се леат по тебе, колку љубов и почит кон тебе…

Ти ми рече дека јас сум ти ехото што далеку свети и грее и сјае на сонцето твое кое некогаш месечината знае да го затскрие. Ах, тето како не ти го осветлив сонцето да светне над тебе кога таа проклета месечина дојде. Ангел мој, ѕвездо моја, уште од дете ме маѓепса, кога со очи полни восхит те гледав на сцена.

Божица, неповторлива! Ти знаеше како да ги маѓепсаш сите, ти знаеше како цела сала на нозе да ја кренеш. Колку сакав да заиграш во мој филм, ах колку сакав, инспирацијо моја.

Сега само остана да раскажувам за тебе, за твојата дарба, дела, убавина, за твојата чесност и добрина, за твојата уметност…Моите последни зборови до тебе беа: “Секој уметник мора да продолжи да твори…” и се надевам дека таму кај што си, ти ќе продолжиш да твориш…Се надевам дека таму кај што си небото е волшебно сино, дека таму најде мир и насмевка која тука толку се трудеше да ја изглумиш. Нема доволно солзи да те исплакаат, никој нема да те заборави, сите те сакаме вечно! Нека рефлектори постојано светат за тебе таму, ангелу мој. Ти си ѕвезда што никогаш нема да згасне! Вечна ти слава! До следното видување!

Твоја и секогаш твоја,

Румена

Автомобил прегази жена- со тешки повредни пренесена на Клиника

Жена пешак со тешки телесни повреди била префрлена на Килника откако претходно во неа удрил автомобил.

„На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје“велат од МВР.

Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Уапсен старец во Чаир - приведен во полициска станица Бит Пазар

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар- соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Товарен воз удри во маж кај железничка станица Илинден

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил товарен воз кај железничката станица Илинден.

-Синоќа во 02:30 часот по полноќ на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево - Гевгелија удрил во едно лице. Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

Популарно