Скандал на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“

Членот на жирито на „Ѕвездите на гранд“ Вики Миљковиќ често е на мета на напади од страна на останатите членови на жирито, а овој пат ситуацијата очигледно ескалирала.

Имено како што пренесуваат српските медиуми остатокот од жирито толку многу ја изнервирале Вики што таа го напуштила снимањето во солзи.

Се почнало така што додека пеел кандидатот на кого таа му е ментор се обидела да побара уште неколку гласа за него за да обезбеди влез во баражот, но молбите на пејачката останале неслушнати за сите.

По расправата таа во солзи го напуштила студиото и емисијата беше прекината, сепак подоцна таа се вратила во студиото, а снимањето продолжило да се снима.

За нејзината врска со сопругот на Карлеуша зборуваше цела Турција

Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдеатурските медиуми.

Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.

Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“, а и на нашата публика не и е непозната будејќи играте во една од познатите турски серии. Инаку, таа е во врска со музичарот Мурат Боза.

Пејачката Славица Чуктераш,ги почести своите следбеници на Инстаграм со многу провокативна слика.

Пејачката се сликаше само по долна облека, а нејзината фотографија предизвика лавина од коментари, од пофални зборови до осуди.

Многу фанови и напишаа дека по разводот од фудбалерот почнала да се однесува како да е пуштена од синџири, но пејачката не ни сака да обрнува внимание на ваквите коментари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

Наспроти ваквите коментари, сепак многу фанови ја пофалија.

„Го зеде животот во свои раце“, се вели во еден коментар, додека други ја пофалија нејзината линија.

„Што би се рекло се е ова мајка природа, ти се восхитувам, Славице царице, браво, неизживеани коментираат туѓо, а себе си не гледаат итн, беа само дел од коментарите за поддршка на пејачката.

ФОТО: Синот на Аркан повторно има проблем со Вељко Ражнатовиќ

Војин Ражнатовиќ, син на починатиот Жељjко Ражнатовиќ Аркан, не е во најдобри односи со фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, ниту со неговиот полубрат Вељко и полусестрата Анастасија.

Постариот Ражнатовиќ, кој живее во Америка откако беше убиен неговиот татко, ги следи настаните во Србија и честопати коментира за својот помлад брат.

Така и овој пат тој се појави и на Инстаграм каде ги моли своите следбеници да го остават на мира и да не му ја праќаат фотографијата од дипломата на Вељко.

„Ве молам, престанете да ми праќате слики од дипломи и други престижни работи од другите Ражнатовиќи во инбокс. Знам, дека е вистинска и валидно", напиша Војин малку цинично.

Инаку Вељко стана дипломиран економистна факултетот за применети и правни науки Прометеј во Бања Лука.

Популарно