Оваа жена доживеала вистинско ЧУДО: Сигурна е дека Исус ја вратил во живот

Муслиманка која била прогласена за мртва два дена лежела во мртовечница во Москва. Одеднаш, се вратила во живот и ја соблекла болничката облека.

Според нејзиното сведочење, Сабина вели дека додека лежела во мртовечница опкружена со лешеви, имала визија од дрво кое расте на врв од бунар.

Од стеблото на тоа дрво една гранка се поместила кон нејзе. Гранката тогаш се претворила во месо и Сабина ги слушнала зборовите: „Ако ја фатиш мојата рака ќе те врати во живот.“

Сабина направила како што и било кажано. Тогаш се разбудила и го чула гласот на докторот кој го бара лешот кој недостасува.

„Жива сум. Не се грижете“, им рекла на преплашените доктори. Медицинските лица и понудиле вода, облека и храна и организирале превоз до болница за истражувања во московскиот универзитет од каде отпатувала во Азија за да го посети својот син кој бил во затвор.

Болничкиот персонал не можел да објасни како Сабина оживеала откако поминала два дена во кома, а потоа уште два дена во мртовечница. Кога се вратила во својот дом во Азија, Сабина имала уште едно големо изненадување за своето семејство.

„Морам уште негде да отидам“, им рекла на своите ќерки и отишла во пентекостната црква и ја објавила својата вера во Исус Христос и ја напуштила муслиманската вера.

Раката која ја подигнала од мртвите и ја вратила во живот припаѓала на Исус и затоа веднаш кога се вратила дома го прифатила во знак на благодарност за неговата спасовна милост. Откако им кажала на своите деца (шест ќерки и син) како се вратила во живот, сите ја промениле својата вера и го прифатиле Христијанството.

Предходната година Сабина која сега има 63 години, сведочела како својата 92 годишна мајка го прифатила Христијанството. Набрзо потоа најстарата ќерка на Сабина која била скептична за Христијанството се свртела кон Исус.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно