ФОТО: Антониа Гиговска е во врска со Милан Станковиќ?!

Оваа сезона нашата Антониа Гиговска „растура“ во музичкото шоу „Пинк Ѕвездички-all stars“, па нема воопшто да биде чудно ниту пак изненадување ако  ја однесе и победата.

Антониа во секое ново издание и при секоја нејзина изведба добива комплименти, пофалби, ласкави коментари… Судиите веќе и го трасираа патот кон ѕвездите, тврдејќи дека таа со својот моќен вокал и однесувањето на сцената е родена да биде ѕвезда. И тоа исто така не е ниту чудно ниту изненадувачки, зашто е повеќе од евидентно.

Но затоа пак изненадувачки е нешто, што можеби не е така евидентно и не се забележува пред камерите во самата емисија, а очигледно се случува зад камерите.

Имено, во последно време евидентна е блискоста на нашата пејачка со членовите на жирито, а особено „боде очи“ близината со еден од нив – Милан Станковиќ.

Па така, пред неколку седмици, во деновите кога се снимаше нова емисија,  Анониа на својот Инстаграм објави снимка на која е во друштво на пејачот-судија Милан Станковиќ, па со него заедно дури и запеаја за своите фанови и следбеници на социјалните мрежи, а сето тоа го овековечи, постирајќи го на своите Инстаграм приказни.

А, од Инстаграм приказните веднаш тргнаа и чаршиските приказни дека Милан веќе ја доживува Антониа не само како колешка, туку и добра пријателка со која има блиска дружба и кога не се само на релација судија – натпреварувач!?

Фотографиите ги подгрејаа и муабетите дека тука се случува нешто, што е повеќе од „шоу бизнис“, па веднаш тргнаа претпоставките и прашањата: Дали Антониа Гиговска не е новата Рада Манојловиќ? Секако, асоцирајќи на големат љубов и врската на Милан Станковиќ и популарната српска фолкерка од времето кога обајцата поникнуваа во ваквите музички талент шоуа! Рада беше и остана љубовта на Милан која (ќе) се памети. Но, дали доаѓа некоја што ќе ја смени и надмине?

Судејќи по најновите фотографии објавени на социјалните мрежи и Инстаграм профилите и на нашата натпеварувачка и на Пинк судијата, нивната дружба зад камерите и натаму трае… Па дури е и уште поинтензивна. Занесени погледи во кои очите блескаат, задоволни насмевки и карактеристична блискост…

Уште на сето тоа ако ги додаме коментарите на блиските пријатели кои добро ги познаваат, па не можеле да ја премолчат глетката, како што Антониа (не) успеала да ги скрие емоциите… Впрочем зборовите и емотиконите најдобро говорат!

Сепак, дали е тоа така, и дали во студијата на Пинк во Шумановци „гори од љубов“ или тоа се сепак само „евтини приказни“ ( Pulp fiction), како што му пишува на блузонот на Милан…? Чекаме најдобриот сојузник – времето, да покаже! А, ќе покаже многу брзо!

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно