Знамето од Кутлеш, забрането во Борис Трајковски

Сонцето од Кутлеш кое е македонски вековен симбол и национално знаме на Македонците низ целиот свет беше забpaнето да се користи на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Исланд во Скопје.

Твитерџиите коментираат дека oбeзбедyвaњeтo не им дозволувало на навивачите кои го носеле знамето да влезат во салата. Според други извори oбeзбедyвaњeтo се обидело истото и да го одземе од оние кои успеале да го внесат, но за да не дојде до тепачкa се откaжале.

-Сите кои на одат на ракомет на Македонија – Исланд, а носат знаме со сонцето од Кутлеш, не им е дозволен влез во сала од страна на НИКОБ oбeзбедyвaњe.

Видео: Бура од емоции во новата песна на Владо Јаневски, слушнете ја!

Владо Јаневски  објави нова песна која сигурно ќе стане хит како и сите други негови песни.

Оваа се вика „Недостасуваш“. Песната е под покровителство на „Croatia records“ каде тој е ексклузивец.

Владо за хрватскиот пазар најавува нов албум и учество на фестивали.

Магични и празнични: Пет најсподелувани песни за Среќен Божиќ

Православните христијани денес го слават еден од најголемите верски празници, Божиќ. Социјалните мрежи се полни со празнични песни со кои се одбележува овој празник.

Ова се песните кои најчесто се постираат и споделуваат: 

1. Каролина Гочева - Ѕвонат ѕвонат

2. Група македонски изведувачи - Вечниот Бог 

3. Златна Славејче - Божиќна песна

4. Небо и земја - Божикна песна

5. Петар Грашо - Фритула

Видео: Каролина промовираше нова песна во „Дајте Музика“

По скоро две години, Каролина Гочева има нова песна. Таа ја промовираше „Обичен необичен ден“ во „Дајте музика“ и откри дека песната е направена специјално за оваа детска музичка емисија. Автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник, Николче Мицевски.

„Многу се радувам што бев дел од најпопуларната емисија за деца ‘Дајте музика’ и фала им на моите слатки другарчиња што ми помогнаа заедно да ја отпееме ‘Обично необичен ден’. И не заборавајте – искрените другарства се многу важни и за цел живот“, напиша, меѓу другото Каролина на „Фејсбук“.

Новата песна на Каролина е прва откако го промовираше албумот „Извор“ во 2018 година.

Популарно