ВИДЕО: Славица Ангелова одржа лекција од пеење!

Конкуренцијата од 3.500 кандидати не беше пречка за 17.годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Хитот „What’s up“ од„ 4 Non Blondes“ беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.

Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“.

ВИДЕО: Водителот Ивановиќ со оваа изјава ги навреди Македонците

Водителот на српското шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ во последната емисија упати тешка навреда за Македонија и за македонскиот народ.

За Ивановиќ, очигледно, во Македонија живеат само Албанци.

Јасно е дека со ова водителот сака да го изрази револтот што од Македонија не беше доделен ниту еден поен на Евровизија за Србија.

Но, морал да најде поинаков начин да го покаже тоа.

Заев ѝ врачи плакета на Тамара за историското прво место на Евровизија

Претседателот на Владата, Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска, и комплетниот авторски и сценски тим  што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019.

Премиерот Заев во свое име, во име на Владата, како и во име на граѓаните на нашата земја ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.

Премиерот Заев истакна дека Тамара и тимот  на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.

Тамара и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци и возбудувања од нивниот настап на Евросонг 2019, и истакнаа дека огромната поддршка што ја имаа за цело време пред и за време на финалната вечер, беше дополнителна мотивација и охрабрување за беспрекорниот настап и за големиот успех на целиот тим.

Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: Сум бил изневерен сто пати

Српскиот поп-пејач Саша Ковачевиќ се појави на ексклузивните награди на „ТВ Пинк“ и емисијата „Ексклузивно“ и зборуваше за приватноста.

 -Посветеност единствено, што и да правам, морам да се посветам сто проценти. Се посветив себеси на добра исхрана и добра обука. На приватен план сè е во ред и јас нема да сменам ништо – вели Ковачевиќ.

Се осврна и за љубовта.

 -Не мислам на тоа, ако сè функционира како што треба, не постои простор за такво размислување. Знам дека сега се чувствувам добро, и претпоставувам дека и мојата партнерка. Можеби не би простил некој вид измама. Веројатно сум бил измамен досега сто пати во претходните врски, и ако не знаев, веројатно нема да биде лесно за мене да преминам преку тоа, вели Саша.

Популарно