Ова е најотровната намирница на светот

Храната е причинител за голем број на болести на денешницата. Една од тие намирници е чипсот кој предивика вистинска сензација во прехрамбениот свет, а голем број на американски медиуми го прогласија за најотровна намирница во светот на храната.

Тоа можеби и не би било толку сериозно доколку истиот не го консумираат милијарди луѓе и тоа во абнормална количина.

Сите знаеме дека чипсот не е здрав, но дека е толку многу токсичен што треба да се исклучи од секојдневната исхрана на никој не му е во целост јасно. Експертите објаснуваат дека човештвото треба да престане да ја консумира оваа канцерогена намирница.

Многумина се уверени дека чипсот се подготвува од компир, но според наводите на американските медиуми, ова е далеку од вистината. Според пишувањата на Natural news, Living traditionally, Healthy food house, во првата фаза на производство состојките како оризот, пченицата, пченката и снегулки од компир се мешаат за да се добие тесто кое подоцна се обликува во калапи, се пржи во масло и се суши.

Во последната фаза на чипсот му се додаваат засилувачи на вкусот кои сами по себе се токсични. Иако сите состојки за смесата од која се прави чипсот се генетски модифицирани, бидејќи се евтини и достапни, една од најопасните состојки не е додадена во процесот на производство, туку е нус-производ од преработката. Станува збор за акриламид.

Ова е опасна канцерогена супстанца за која одамна е познато дека предизвикува рак кај животните, а во чипсот го има во ненормални количини многу повеќе од дозволената мерка, пишуваат гореспоменатите американски медиуми.

До создавање на акрималид доаѓа кај храна која била изложена на термичка обработка (печење или пржење) поради што кај чипсот е особено присутна затоа што чипсот по печењето на висока температура се суши исто така на висока температура.

Ова се симптомите на рак на белите дробови

Најголем број од луѓето се свесни дека пушењето може да предизвика рак на белите дробови. Сепак најновите истражувања веќе покажуваат дека 90% од ризикот кај мажите и 70-80% од ризикот кај жените е поради пушењето. За среќа, луѓето стануваат поодговорни за нивното здравје. Иако и денес постојат пушачи, нивниот број се намалува. Истовремено, многу луѓе се свесни и за пасивното пушење, па секој се обидува да го намали што е можно повеќе.

[Експертите предупредуваат: Загадувањето поврзано со илјадници случаи на рак на белите дробови]

Но дали и покрај мерките, луѓето се безбедни?

Едно ново истражување покажало дека во Велика Британија имало 6.000 смртни случаи поради рак на белите дробови, а овие жртви никогаш не пушеле, односно имале испушено помалку од 100 цигари во текот на целиот нивен живот. Се покажало дека и кај непушачите, ракот на белите дробови е осмата најчеста причина за смрт. Ракот на белите дробови станува вистинска закана.

Пушењето навистина предизвикува рак, но со текот на времето фокусот останал само на оваа навика, па се занемариле другите ризични фактори. Според професорот Пол Косфорд, ракот на белите дробови речиси секогаш се смета за проблем поврзан со пушењето. Сега, со ова истражување, може да се направи и друга поврзаност – загадувањето на воздухот.

Доколку се преземат мерки, скриениот проблем е касната дијагноза на болеста.

Дури и сега кога ракот ќе се открие кај пациент, прво се разгледува неговата историја на пушење. Лекарите не обрнуваат многу внимание на другите фактори, како околината. Проблемот не е само кај лекарите. Многу непушачи живеат со верување дека доколку не пушат, нема да добијат рак на белите дробови. Ова води до доцна дијагноза, бидејќи пациентот нема сериозно да ги сфати симптомите на рак.

Непушачите имаат два проблеми – прво, направено е многу малку истражување за овој феномен и стереотипот повеќе им штети наместо што им прави добро. Најдобриот начин да се справите е да ги идентификувате раните симптоми и веднаш да отидете на лекар.

Ова се симптомите на рак на белите дробови на кои треба да внимавате.

1. Кашлица која не престанува после 2-3 недели

2. Кашлица којашто се влошува

3. Воспалителни инфекции на градите

4. Искашлување крв

5. Болка за време на дишење и кашлање

6. Често задишување, дури и кога нема некој поголем напор

7. Постојан замор и недостаток од енергија

8. Губење на апетитот и необјасниво слабеење

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на мали сипаници на територија на целата држава, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

– Една од мерките е забраната за посета на градинките, втората мерка која е предложена е да се намали возраста за вакцинирање од 12 месеци на шест месеци, бидејќи голем дел речиси 100 деца се на возраст под една година и тие се највулнерабилна група за тешки форми на заболувањето. Дополнително бидејќи имаме заболени меѓу повозрасните лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, Комисијата донесе одлука да се зголеми возраста за вакцинација, така што секое лице постаро од 14 години ќе може слободно да се вакцинира во центрите за јавно здравје односно на возраст од 14 до 60 години, рече доктор Микиќ.

Тој рече дека другиот сет мерки, што е предложен, е сите здравствени работници на територија на цела држава да мора да се вакцинирани со две дози на МРП вакцина.

Нагласи дека се забрануваат посетите на болниците и таа мерка мора да се почитува со цел да се намали можноста за внес на нова инфекција во болнички услови, анегувателкитево градинките ќе бидат задолжително проверени за нивниот вакцинален статус и ќе треба да бидат уредно вакцинирани.

-Повеќе од 70 деца со мали сипаници се хоспитализирани, од кои 55 се на Клиниката за инфективни болести, а 15 на Клиниката за детски болести. Од нив повеќе од седум се во потешка состојба, но сите се хоспитализирани бидејќи имале компликации од мали сипаници, додаде доктор Микиќ.

Ваквиот заклучок бил донесен бидејќи веќе се пријавени 961 случај со морбили. Во последната недела повеќе од 60 отсто од пријавените случаи кои се највисоки на неделно ниво биле надвор од Скопје, веќе шест центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници со вкупно население кое е повеќе од половина односно 55 отсто од територијата на државата. Вкупно 20 градови имаат регистрирано случаи на мали сипаници.

Популарно