ФОТО: Ова е новиот изглед на Јелена Карлеуша

Пејачката повторно го промени имиџот, без оглед на сите бури, кулминации и расплети од нејзиниот приватен живот.

Јелена Карлеуша на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ го покажа својот нов изглед, кој не помина незабележан ниту кај јавноста, ниту кај медиумите.

Таа облече тесен фустан со боја на кожа, кој го отцртувал целото нејзино тело. И покрај сите бури и преплети во нејзиниот живот, Јелена не заборави да го промени имиџот.

Ја променила и фризурата. Овојпат дошла со платинесто руса боб-фризура, а ги носела и неизоставните големи очила за сонце, со кои го крие своето лице.

ФОТО: Цеца со длабоко деколте го полуди Прилеп

Вчеравечер во Прилеп се одржа „Пиво фест“ каде свое учество имаше и балканската мега ѕвезда Цеца.

Пејачката на својот настап во Прилеп пристигна директно од Кипар каде беше на својот заслужен одмор.

Публиката падна во транс откако таа ги запеа најголемите нејзини хитови, а особено машкиот дел од публиката остана без здив кога го виде нејзиниот изглед на сцената.

Имено таа беше облечена во црвено сако и пантолони, а сакото и беше закопчано само на едно копче покажувајќи го црниот градник, па фановите едноставно не може да се изнагледаат на ова нејзино прекрасно издание.

Пред да го започне вчерашниот концерт во Прилеп, кој беше дел од програмата на Пивофест, Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ имаше кратка средба со медиумите.

Новинарите се интересираа како се чувствува во Прилеп, каде летувала, дали снима нови материјали, на што Ражнатовиќ љубезно одговараше.

На новинарско прашање како се чувствува како свекрва, со оглед на тоа што нејзиниот син Вељко неодамна се ожени, таа одговори со српската народна поговорка – Каде децата не се бесни и куќата не е тесна.

ФОТО: Македонката не победи на „Ѕвездите на Франд“, но си фати момче!

Натпреварувачите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте, од неодамна се во врска, пишуваат медиумите. Иако двојката не ја потврди врската, тие постојано објавуваат заеднички слики на социјалните мрежи. Гуте неодамна беше во Скопје и Охрид со Елена, а бидејќи таа живее во Белград, се гледаат и таму.

Елена и Александар се запознаа за време на снимањето на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. На двајцата ментор им беше Ана Бекута, заради што тие често се дружеа и на снимањата и на пробите и на часовите кај пејачката.

Инаку, Елена уште пред да почне да се натпреварува во популарното шоу се пресели во Белград, велејќи дека сака да направи кариера во Србија. Таа претходно скоро две години беше во врска со Грк кого го запознала на летување во Грција.

ФОТО: Гавазова целосно го промени имиџот

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова, сите ги изненади кога неодамна покажа дека ја бојадисала косата руса, а сега направи поголема промена.

Гавазова не престанува да експериментира, па сега ја скрати косата, направи шишки и ја остави плава.

Популарно