Пронајдено е момчето кое се изгубило кај кејот

Дванаесетгодишниот Мартин за кој преку Фејсбук беше кажано дека е исчезнат попладнево бил пронајден, објави 24инфо. Мартин претходно последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, но бил пронајден кај Авиончето во Ново Лисиче.

Мицкоски: Не е постигната просечната плата од 30.000 денари која се ветуваше

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека наместо најавените 5 проценти раст, БДП не е ни на половина. 

Според него, падот во преработувачката индустрија е алармантен, а не е постигната ниту просечната плата од 30.000 денари која се ветуваше во предизборие. Мицкоски додава дека не се релизираше ниту ветувањето за намалување на данокот за 5 отсто во ИТ инустријата, а расте и разликата помеѓу увозот и извозот. 

„Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра, со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е истата, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал. Споредбено 2018, во 2019 година има разлика во извоз со увоз за цели 12.4 отсто, во корист на увозот“ -  вели Мицкоски. 

Мицкоски тврди дека со СДСМ се договориле веднаш по завршувањето на овие избори да седнат и да преговараат за измена на Изборниот модел. Според неговите тврдења, имало два заклучоци. Опозицијата барала власта да избере еден, но СДСМ се премислиле. 

Популарно