Тамара Тодевска: Не се работи за никаква грешка! Химната ја отпеав правилно!

По вчерашното сецкање на химната на Република Македонија при интонацијата од страна на Тамара Тодевска во Американската амбасада во Скопје, побаравме видеа по ЈуТјуб од други свечености на кои Тодевска ја изведува химната.

Најдовме неколку такви изведби од спортски манифестации и во ниту една од нив Тмара не ја пее химната правилно! Едноставно пејачката или не ја знае химната или не и се допаѓа делот со „Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански“. Постојат дури и новинарски текстови во кои Тамара тврди дека химната ја отпеала правилно.

- „Не се работи за никаква грешка. На 'википедија', македонската химна е напишана во четири строфи. Во интерес на времето ми рекоа да изберам две строфи, јас ги избрав првата и последната. Токму на последната строфа имаше бура од врескање, значи дека на навивачите им се допадна мојот избор", изјавила тогаш пејачката за Вест.

Погледнете и слушајте внимателно:

Инаку текстот оди вака:

Денес над Македонија се раѓа,

ново сонце на слободата!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,

на Крушевската република!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,

нови песни, нови весници!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Тамара најави концерти во Шпанија, Германија и Данска

Нашата овогодинешна преставничка на Евросонг,Тамара Тодевска,  заминува на европска турнеја. Таа веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.

На 5-ти октовмри таа ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30-ти ноември во Келн, Германија.

-Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации – порача Тодевска на својата официјална страница.

Тамара неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако при интонирање на химната ги изостави стиховите во кои се спомнуваат Гоце Делчев, Гули и Сандански.

Набргу потоа се извини и појасни дека се работи за ненамерен пропуст, но поради бурните реакции во јавноста го откажа концертот во Охрид и настапот на ,,Пивофест” во Прилеп, кој требаше да се случи на 20-ти јули, во сабота.

На нејзиното место на манифестацијата ќе настапат „Нокаут”.

ФОТО: Јелена Карлеуша во болнички кревет

Режисерот Дејан Миличевиќ објави фотографија од пејачката Јелена Карлеуша во болнички кревет, а во опис на фотографијата напиша „Шок состојба“.

Со оглед на фотографијата и тоа кој ја објавил, според фановите, веројатно се работи на нов спот за нова песна на Карлеуша, која го носи токму насловот „Шок состојба“. Според други, пак, ова е дел од кампања.

Она што е сигурно е дека Карлеуша успеа да ги размрда повторно своите фанови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic) on

ФОТО: Бујните гради во бикини на плажа

Македонската фолк-пејачка Сања Гроздановска-Сани е активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своите работни активности, но и од приватниот живот.

Таа првите јули одлучи да го помине на море од каде објави и неколку фотографии во бикини со кои ги почести фановите на овие врели денови.

Погледнете:

Популарно