Откриено колку пари заработуваат за вечер

Српските пејачи на свирки во Хрватска заработуваат огромни хонорари, пишува Курир.рс

Поедини српски поп и фолк ѕвезди, за  за два часа пеење во Макараска од газдите на клубовите земаат дури 12.000 евра.

Пејачите добиваат убави хонорари во Хрватска, од пет, шест па се до дванаесет илјади евра за вечер. Обично пеат два блока по два часа со една долга пауза. Лукас и Карлеуша по клубовите во Макарска земаат по 12.000 евра. Драгана Мирковиќ и Жељко Јоксимовиќ по 10.000 евра, Прјивоиќ 5.000 евра, пишува Курир.рс повикувајќи се на познат српски менаџер кој сакал да остане анонимен.

Во еден познат клуб во Макарска ова лето Србите настапуваат буквално секој викенд.

Главно Хрватите доаѓаат да слушаат српски фолкери, а има многу гастербајтери и од Австрија и Германија. Оваа година се доста барани и босанските изведувачи, пишува Курир.рс, пред се Буба Корели и Јала брат.

И самите пејачи велат дека сакаат да пеат во Хрватска, затоа што знаат дека таму добро ќе ги наполнат џебовите.

-Веќе 12 години секое лето пеат во Макарска. Тоа ми е една од најдобрите летни свирки. Имам многу пријатели ширум приморјето - објаснил Саша Матиќ.

Со него се согласува и Драгана Мирковиќ која на почетокот на август има закажано настап на хрватското приморје.

-Јас пред сите наши пејачи почнав да пеам во Хрватка и мене навистина ми се отворени вратите во сите земји во поранешна Југославија. Секаде сум добредојдена и убаво дочекана - рекла пејачката.

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

ФОТО: Аделина бомба со длабоко деколте

На крајот на 2017 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат со кој доби и синче. 

 Јон е смила на нивните животи, па секој момент го користат да го поминат заедно, а сега му направија гламурозна роденнска забава за првиот роденден.

(ФОТО) Лепа Брена: „Имам автомобил за секоја прилика“

Со оглед на тоа дека пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се познати како двојка која го живее животот со полни гради, често патуваат и се препуштени на авантура, покрај тоа, оваа позната брачна двојка сака автомобили и поседуваат возен парк.

Како љубители на безбедно возење, имаат најразлични модели на автомобили за секоја пригода…

– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.

За луксузните марки на возилата кои ги има од „Бентли“ до „Мерцедес“ и други, не траба многу коментар, особено за тоа колку ли чинат сите заедно.

Популарно