ФОТО: Македонската пејачка собра храброст - по 4 години за ПРВ пат облече костим за капење

Ивона Јовановиќ која беше во „Ѕвездите на Гранд" упати моќна порака на Инстаграм со фотографија во бикини.

- „Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност.

Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини.

Балканот ни сервира како нормални да бидеме дефинитивно. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди.

Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако.

Некои од вас и ме сликаа на базенот, но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон.

Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим.

Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива.

Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено.

Секоја несовршеност на него денес ја засакав.

Се извинувам на моето тело. A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети“ напиша Ивона на „Инстаграм“.

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

ФОТО: Аделина бомба со длабоко деколте

На крајот на 2017 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат со кој доби и синче. 

 Јон е смила на нивните животи, па секој момент го користат да го поминат заедно, а сега му направија гламурозна роденнска забава за првиот роденден.

(ФОТО) Лепа Брена: „Имам автомобил за секоја прилика“

Со оглед на тоа дека пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се познати како двојка која го живее животот со полни гради, често патуваат и се препуштени на авантура, покрај тоа, оваа позната брачна двојка сака автомобили и поседуваат возен парк.

Како љубители на безбедно возење, имаат најразлични модели на автомобили за секоја пригода…

– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.

За луксузните марки на возилата кои ги има од „Бентли“ до „Мерцедес“ и други, не траба многу коментар, особено за тоа колку ли чинат сите заедно.

Популарно