Заев: Бројчаникот ќе заврти - за почеток 20 милиони евра

Конфискацијата од фирмата на Кочан ќе го заврти бројчаникот, очекуваме решение од судот за близу 20 милиони евра, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување на ТВ Клан.

-Трансмет 18 милиони евра од Кочан, други одлуки 2 милиони, судот кога ќе донесе конечна пресуда, бројчаникот ќе заврти, рече Заев.

Ел Чека до Заев: Знаеш дека прислушкувањето го направи некој друг, а не Груевски и Мијалков

Ел Чека на Фејсбук со нов статус откако премиерот Зоран Заев му порача дека ќе одговара.

-Зоран Заев, доста велиш дека прислушувањето го правела претходната влада, тогаш зошто тие криминалци на ВМРО ги прислушкувале нивните разговори каде што ги прикриваат убиства, прават манипулации, закани, промена на фактите, кажи зошто тебе не те прислушкувале? Прислушувањето го направи некој друг, а не криминалците на Груевски и Михајлов! Затоа, не се продавај за жртва, но држи го задникот уште малку во таа фотелја бидејќи ќе ти фали, предвреме ти поминаа 62-та дена, нашиша Ел Чека на својот Фејсбук профил.

Земи го Али со Николче и дојдете навака

Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

Ел Чека на својот Фејсбук профил му одговори на премиерот Заев порачувајќи му дека пропаднал планот за рекетирање и уценување.

-Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување!

Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден и ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога ќе дојдовте на свет!, напиша Ел Чека на Фејсбук.

ВИДЕО: Заев го бара телефонот на Ел Чека

Премиерот Зоран Заев му порача на Ел Чека дека ќе одговара за бомбите кои ги објавува на социјалните мрежи. На прашањето зошто во разговорите во бомбите од Ел Чека има разговори само од функционери од ДУИ тој го побара неговиот број.

- Ако имате некој телефон дајте ми број од господинот Чека да му се јавам и да го прашам , чекај бе пријател зошто ти само за господинот Ахмети објвуваш а не објавуваш за мене.Еве јавно нека објави и за мене но да треба да знае дека постои закон и кривично се одговара. Приватноста е заштитена , но овој човек не води грижа за таа работа. Овој човек кога тогаш ќе одговара-му порача Заев на Ел Чека.

Популарно