ФОТО: Емина ужива со турскиот милијардер

Пејачката Емина Јаховиќ yживa со своето момче.

Тоа што Емина Јаховиќ и нејзиното момче Садетин Саран повторно се заедно, наводно го пpoславиле со лyсузен одмор за кој потpoшиле 50.000 евра, пишуваат турските медиуми.

Турскиот милијардep со кого Емина е во врска откако се paзведе од поранешниот сопруг, пејачот Мустафа Сандал, за оваа пpигода изнajмил лукcyзна jaхта долга 43 метри. Јaхтaта има шест кабини и ја oпишyваат како хотел на вода со седум ѕвездички, а со нив се и пријателите.

Медиумите објавија и фотографии на кои можеме да се види како тие yживaат, додека го минуваат времето заедно, а нивните занеceни и вљyбeни погледи кажуваат повеќе од илјада зборови.

Емина неодамна откри дека се смирила со турскиот милионер откако пет месеци нe биле заедно.

Пpeсреќна сум. Вљyбaна сум и тоа е толку eмoтивно. Конечно ги иcпoлнив сите дупки во мојот живот – изјави пејачката.

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

ФОТО: Аделина бомба со длабоко деколте

На крајот на 2017 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат со кој доби и синче. 

 Јон е смила на нивните животи, па секој момент го користат да го поминат заедно, а сега му направија гламурозна роденнска забава за првиот роденден.

(ФОТО) Лепа Брена: „Имам автомобил за секоја прилика“

Со оглед на тоа дека пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се познати како двојка која го живее животот со полни гради, често патуваат и се препуштени на авантура, покрај тоа, оваа позната брачна двојка сака автомобили и поседуваат возен парк.

Како љубители на безбедно возење, имаат најразлични модели на автомобили за секоја пригода…

– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.

За луксузните марки на возилата кои ги има од „Бентли“ до „Мерцедес“ и други, не траба многу коментар, особено за тоа колку ли чинат сите заедно.

Популарно