ФОТО: Елена Стојановска покажа дека е ултра згодна и во бикини

Таа е една од најубавите и најхаризматичните македонски ТВ водителки.

Шармантната Елена Стојановска гледачите речиси секое утро имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.

Но, секој има пауза од работа, особено за време на летните одмори, а дојде ред и Елена заедно со семејството да се одмори покрај вода на плажа.

Имено, таа на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во црно бело бикини додека ужива во своето кафе.

Мора да се признае дека Елена изгледа одлично, а мајката природа ја дарила да има фит изглед иако е мајка и несекојдневна убавина која не се заборава.

ВИДЕО: Кристина мандарина се врати од одмор и повторно продава на тезга

Кристина Пенева, продавачката на мандарини позната по надимакот Кристина Мандарина, се врати на она што ја лансираше во јавноста.

Повторно продава мандарини пред трговскиот центар во Бестовије, во близина на Загреб.

Таа зема краток одмор од продажбата на мандарини и замина во Белград. Кога ги „нполни батериите“ се врати на својата работа.

„Одлучив да се одморам неколку дена, а и пред тоа излегував во Белград. Луѓето и друштвото се океј, затоа ми требаа неколку дена таму. Еве сега, сум повторно овде“, изјавила Кристина за хрватските медиуми.

Идни планови нема, но признава и дека не очекувала голема популарност која ѝ се случи изминативе денови.

„Не го очекував тоа, ниту имав кога да размислувам на тоа. Ете, драго ми е што луѓето го препознаа мојот труд“, вели Кристина.

Повторно докажала дека мандарините на нејзиниот штанд се најслатки, но и дека нема проблем да популаризира друго овошје.

„Па, секако, зошто да не. Сакам да работам со овошје“, рекла Кристина.

Се обидувам да го сакам своето тело

Плуссајз манекенката Ешли Греам ужива во бременоста и сето тоа го споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Таа иако е позната по своите облини и отворено зборувала за обликот на телото, вели дека понекогаш страда од комплекси, особено за масните наслаги кои ги има на грбот.

На Инстаграм овојпат таа објави снимка од своето тело, охрабрувајќи ги девојките кои ја следат да се сакаат онакви какви што се.

Оваа порака доаѓа на 9-годишнината од брак со сопругот Џастин, со кого го очекуваат првото бебе.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

ФОТО: Андреа за минута заработува 80.000 динари благодарение на својот задник

35-годишната Андреа Абели од Букурешт, благодарение на својот голем задник заработува 80.000 динари по една објава на Инстаграм, а некогаш и повеќе.

Таа порано се занимавала со дизајн, но сфатила дека седи на рудник со богатство. Она што ја издвојува од останатите е големиот задник, а и тоа што признала дека го зголемила по хируршки пат.

Поради тоа луѓето ја сакаат и ја следат дури 3,1 милиони луѓе.Од своите објави оваа девојка годишно заработува нешто помалку од 2 милиони евра.

Андреа вели дека студирала право и дека има мастер диплома. Сепак, сфатила дека на интернет може да заработи повеќе.

Популарно