Спрски Курир: Боки 13 рекетирал за да ѝ врати пари на Јелена Карлеуша

Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата,според српски „Курир“, многу блиска другарка – Јелена Карлеуша.

Според „Курир“, кој се повикува на свој неименуван „извор“, Боки во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низ брдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша:

„Додека носев женска маица и здолниште, ти гордо одеше со мене во Белград, ме развесели и ми пружи поддршка додека сите други се смееја. Ми беше како втора мајка, беше со мене кога ми беше тешко, кога најмногу ми требаше! Прва ме одведе во нашиот омилен ресторан во Белград, никогаш не ми дозволи да платам сметка за ручек или вечера, беше најопасната жена која некогаш сум ја сретнал. За мене секогаш ќе бидеш единствена и незаборавна Дивна (најдивна) Карлеуша. Дивна и Јелена не беа само мајка и ќерка, беа борци во борбата на животот. Пoчивaj во миp“, напишал Боки 13 на почетокот на март, кога пoчинaлa мајката на Јелена, тврди весникот.

ВИДЕО: Сѐ се виде - Карлеуша претера!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм објави серија фотографии и видео на кое носи само црни ленти на интимните делови од нејзиното тело.

Пејачката наизменично се менуваше во пози во високи чизми, а огромната опашка служеше како покривка во клучните моменти.

Дополнително, Јелена посвети посебен пост на ЛГБТ заедницата: „Ги исклучив коментарите поради ужасно болните навреди во коментарите на оние кои се борат за „нормалност“. Претпоставувам дека мислат дека е нормално да мразат, навредуваат и напаѓаат. Па нека си го тргнат гневот на мама што ги воспитала така!“, ја започнала објавата Карлеуша.

„Со големо жалење го прифатив фактот дека гордоста во Белград е откажана. Уште пострашно ми е што во овој момент се случуваат некакви немири каде наместо љубов, толеранција, еднаквост и слобода за сите , зборовите на омраза се слушаат под превезот на нормалност! Омразата не е нормална, омразата е болест. Белград е град кој сака да ги поддржува сите луѓе без разлика на нивната боја на кожа, верска или сексуална определба! Јас како граѓанин на Белград и како највлијателна и навидум најхрабра јавна личност, никогаш нема да дозволиме нашите сограѓани припадници на ЛГБТ заедницата да се чувствуваат помалку достојни, еднакви или слободни! Омразата не е решение и нема да ја толерирам“, заклучи Карлеуша, која и нејзините следбеници на Инстаграм ги почести со разголено издание...

(Фото) Тома и Силвана заедно јадат пилешко со прсти

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледаат тројцата починати легендарни пејачи Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ и Бора Дрљача.

Тоа бил свечен прием организиран од локални организатори.

Тогаш Тома и Бора биле на почетокот на кариерата, додека Саилвана веќе била на врвот. Пејачката дружина била срдечно пречекана, а доказ за тоа е интересна фотографија на која јадат печено пилешко. Немало нож и вилушка, послатко им било да јадат со прсти.

По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се прашаа дали Тома навистина бил вљубен во Силвана.

Вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ, во една прилика искрено изјави дека мисли дека меѓу нив имало специфичен однос.

– Ми кажа за Силвана, дека биле добри другари, пријатели. Мислам дека имаше специфична врска меѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи беше заљубљива природа, веројатно бил заљубен во неа, бидејќи таа беше недостижна за него во тоа време. Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да разбере дека ја нема. Имаа специфична врска, во секој случај се работеше за емоции, рекла таа.

ВИДЕО: Убавата српска пејачка се соблече во живо во емисија кај „Ами Џи“

Милица Павловиќ (31) кај македонската публика стана популарна со улогата во хит серијата „Певачица“, а српската јавност добро ја знае по нејзината музичка кариера.

Пејачката за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ се најде пред  предизвик за кој буквално ќе се зборува уште долго. Или поточно пред „топлес предизвик“!

Имено, Павловиќ доби предизвик да го соблече зелениот корсет кој го носеше на себе,  откако загуби во играта која ја играше во шоуто.

Пејачката прво го соблече накитот на себе, а потоа водителката и помогна додека таа го соблекуваше горниот дел од облеката.

По ова, пејачката остана топлес прекриена само со розов пешкир.

„Не сум кукавица, ама…! Не можам да верувам дека ова го правам. Дали сте сигурни дека одзади нема камера? Ништо не се гледа?“ – цело време зборуваше пејачката додека се соблекуваше.

Популарно