(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволам еден ПЕД*P да ме симне од власт!

Премиерот Заев во изјава за тоа дали скандалот и истрагата “Рекет” изјави:

- Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!

Целото видео со контроверзната изјава на премиерот:

Кичеец молчел 3 часа пред Русковска!

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, објави „Фокус".ж

Кичеец кој остана во Обвинителството три часа, само молчел. Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него.

За Рекет досега беа објавени видеа од италијанскиот Ла Верита каде се гледа како Боки13 и Кичеец земаат рекет од Орце Камчев, а се слушна и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, како вели се ќе биде добро.

Таа веќе е во 30. дневен притвор за случајот.

Заев: Ќе го тужам новинарот кој објави дека сум вмешан во „рекет“

Отфрлам секаква поврзаност со Рекет. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев.

- Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Заев денеска.

За потсетување, новинар на „Информакс“ објави прва страница од записникот од исказот на Орце Камчев за случајот „Рекет“.

Ременски: Внатрешна истрага во МВР за веста дека Нина „групер“ има кривичн досие!

Итна внатрешна истрага и реакција од МВР веднаш бара пратеничката Фросина Ременски околу објавувањето на веста од страна на порталот „Лидер“ за „протечените документи“ кои според порталот откриваат дека Нина Ангеловска (позната како Нина „Групер“) била „сторител на кривични дела“.

Како што објаснува Ременски, таа не бара реакција од МВР заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР од користење во име на сензационализам кој има за цел однапред да фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.

„Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди ‘ексклузива’ за сторен сообраќаен деликт. Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР. Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации“, вели Ременски.

Популарно