Жителите на Ново Лисиче во шок

Крвави дамки се јасно видливи на тротоарот во паркчето во скопската населба Ново Лисиче каде што синоќа по полноќ беше убиен 17-годишниот Н.Х. кој живееше во блиските згради. Траги има на неколку места во близина на клупите на кои што најчесто секоја вечер се собираат млади. Тоа укажува дека крвавиот инцидентот се случил на средина на плоштадот во „Паркот на музиката“, а прободеното момче потоа било пренесено до клупите за да му се укаже помош. Но, се било залудно бидејќи момчето кое, според изјавите на жителите, било примерно, подоцна починало, пренесува Скопско Ехо.

Го знам Никола, беше многу добар и мирен дечко. Колку што разбрав од другарите кои знаат нешто, оној што го убил е од друга населба односно од општина од другата страна на Вардар. Тие синоќа дошле тука во нашата населба. А како и зошто потоа се случила тепачката не ми е познато – изјавило едно момче од оваа населба.

Жителите на овој дел на населбата во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“ се во шок од она што се случи. Граѓаните минуваат покрај местото не криејќи ја тагата заради загубата на еден млад живот. Неколкумина кои ги затекнавме околу местото на настанот ни раскажаа дека, колку што знаат, се работи за расправија која започнало од порано. Но, дали таа расправија била врзана и за настраданото момче или за некој друг од негова група па тој настрадал недолжен, се уште не е познато, пишува порталот.

Жителот на населбата, Горан Николовски рече дека е револтиран и разочаран од овој инцидент.

И јас го знам детето, беше другар на син ми. Жално е ова. Ова треба да ни е предупредување на сите. Тука постојано се собираат младите и колку што можам да забележам често има и расправии. Забележувам дека некогаш има и алкохол кој им го продаваат од околните продавници иако е тоа забрането. Истовремено, не паметам кога во населбата сум видел некој полицаец да помине за да се грижи за редот. Младите како да се оставени сами на себе – се собираат, одат бесцелно по неселбата и во такви ситуации лесно се случуваат инцидентите- рече Николовски.

Полициската истрага треба да покаже кои биле причините за пресметката, односно, кој се бил вклучен во инцидентот. Полицијата официјално соопшти дека Н.Х. (17) рано утрово починал по физичката пресметка на неколку лица. При ова, лицето А.Т. (18) по вербалната расправија извадил нож и го пробол младото момче. Во полицискиот извештај се наведува и тоа дека со лицето кое го извадило ножот било и лицето К.Д. (17) и дека тие двајца се конфронтирале со групата во која било и настраданото момче. И покрај тоа што прободеното момче било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, тоа починало. А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица откако лицата кои биле присутни успеале да го спречат да избега.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно