Дали овој телефон е „најдобар“

Наградата за најдобар  паметен телефон во светот од EISA (Expert Imaging and Sound Association) му беше доделена на Huawei .  Телефонот е прогласен за најдобар паметен телефон за 2019-2020 година, а компанијата ја освојува оваа награда втора година по ред.

Експертите од EISA ја истакнаа можноста за фотографирање во услови со слабо осветлување на Huawei P30 Pro како далеку најдобра која моментално може да се добие на паметен телефон. Исто така, пофалби доби и широкиот објектив, портретниот начин на снимање и перископскиот 5X телефотообјектив, со што Huawei го надминува секој конкурент.

Huawei P30 Pro направи неверојатен чекор напред во мобилната фотографија со претставувањето на SuperSpectrum сензорот, оптичкиот SuperZoom објектив и новата ToF (Time-of-Flight) камера, како и со подобрувањето на технологијата за оптичка и AI стабилизација на сликата.

Ненадминливиот систем од Leica камери се состои од 40 MP главна камера, 20 MP ултра камера со широк агол, 8 MP телефото и ToF (Time-of-Flight) камери. Новиот перископски телефото објектив дава повеќе можности за оптичко зумирање во компактното куќиште без губење на квалитетот на фотографијата. P30 Pro исто така има и најдобра батерија во категоријата со капацитет од 4200 mAh, која со едно полнење овозможува до два дена постојано користење на телефонот.

Наградата на Huawei официјално ќе му биде доделена во текот на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин (IFA) на 6 септември за време на свеченото отворање.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно