ПРОДОЛЖУВАЊЕ на летото, но и услови за НЕВРЕМИЊA

Според најновите направени анализи со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот укажуваат дека продолжување на летото ќе имаме и во септември со што може да очекуваме топли денови кој би биле идеални и за освежување во реките и во езерата низ државава. Сепак некој екстремно топлотни бранови барем засега не се очекуваат, односно условите за нешто такво се многу мали. Што се однесува пак до врнежите иститеби биле околу просекот за тој дел од годината, сепак има услови и за повремено формирање на циклонски системи кој би условувале и поинтензивни врнежи, поради сеуште летните температури на воздухот не се исклучува појава на нови НЕВРЕМИЊА исто така како што беше и најавено во сезонската прогноза за оваа есен.

Инаку од наша страна но и од страна на ACCUWEATHER сезонската прогноза за оваа есен покажува дека истата над нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде често проследена со циклонски системи и врнежи со што има услови и за ПОИЗРАЗЕНИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Претежно сончево со слаб југоисточен ветер

Во текот на денешниот ден времето во земјава претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје  утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 29 степени.

Не очекуваат САХАРСКА ПРАШИНА и песок

Јужно и југозападно струење на висина, Сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава.

Поточно ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се ислачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно врз граѓаните.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Невообичаено топол бран кон Македонија

По малку пониските температури на воздухот денес и северниот ветер денес веќе во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот континент.

Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена.

Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Популарно