„Фејсбук„ и „Инстаграм“ најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Фејсбук, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а повеќе од половина милион или 540 илјади лица се приклучени на Инстаграм.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на Фејсбук и на Инстраграм .

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи Фејсбук со 2,37 милијарди корисници, по што следат Јутјуб со две милијарди, ФБ месинџер со 1,3 милијарди, Инстаграм со милијарда, Твитер со 330 милиони…

Сте забележале испакнатина на бројот 5 од далечинскиот управувач?

Додека далечинското ви било во рака, сигурно сте забележале дека на копчето со број 5 има испакнат дел. На некои делови во прашање се точки или црти, кои се чувствуваат на прстите. Еве за што служат тие. Оваа ознака ја има скоро секое далечинско, а сигурно сте се запрашале за што служи.

Далечинските се изработуваат за ракувањето да биде поедноставно и полесно. Производителите притоа мислат и на лицата со оштетен вид, па затоа вообичаен стандард во производството станало ставање на мали испакнати делови или цртки на копчето со број 5.

Овој испакнат дел им овозможува на луѓето со слаб вид последно да го користат далечинското, односно да имаат претстава каде се наоѓаат останатите копчиња. Погледнете и на тастатурата од вашиот компјутер, истата цртичка ја има на бројот 5. Покрај ова, практично е и кога гледате телевизија во темница.

10 емотикони што сигурно ги употребувате погрешно

Дали сте сигурни дека правилно ги употребувате емотиконите? Голема е веројатноста дека не го знаете точното значење на барем еден од нив.

Емотиконите станаа важен дел од нашето секојдневие и интернет културата, па добро би било да знаете што точно означуваат.

Погледнете некои од најчесто употребуваните емотикони и нивното вистинско значење:

1. Многумина веруваат дека овој емотикон означува молење. Но, ова е гест што Јапонците го користат за да побараат прошка. Истовремено, емотиконот може да значи и „Да пукне“.

2. Речиси сите го употребуваат овој емотикон како бакнеж, кога всушност означува свиркање.

3. Тупаницата свртена кон десно е знак за почитување.

4. Најчесто црвениот „Х“ знак го поврзуваме со забрана. Но во Англија, овој емотикон може да симболизира и бакнеж.

5. Поради големината, лесно е да помислите дека овој емотикон означува плачење. Но, ова е емотикон што симболизира анксиозност и стрес.

6. Овој емотикон покажува дека сакате прегратка.

7. Емотиконот со исплазен јазик најчесто се користи за шегување, но всушност претставува личност која ужива или пробува храна.

8. Двете дланки означуваат славење успех.

9. Овој емотикон можеби изгледа гневно и фрустрирано, но наводно, би требало да го употребувате кога ќе надминете некоја пречка.

10. Oвој емотикон најчесто се користи за искажување фрустрација, но всушност означува замор.

Извор: Црно Бело

Tesla потврди: Наскоро пуштаме суперполнач и во Скопје

Зголемувањето на бројот на електрични возила ја зголемува и потребата од повеќе полначи и суперполначи со кои возилата многу побрзо ќе можат да го надополнуваат батериите. Tesla ја ажурираше својата мапа на суперполначи за 2020 година со еден куп нови локации што треба да ги покрие мрежата за брзо полнење.

На листата на Tesla се најде и Македонија, и според нивните најави во Скопје треба да биде отворен за почеток еден суперполнач. Како што најавуваат од Tesla дополнително ќе биде објавено каде на која локација и кога тоа ќе се случи.

Освен во Скопје во соседните земји најавени се суперполначи и во Солун, Јанина, Ламија, Атина, Спарти (Грција), Пловдив (Бугарија), Пожега, Белград, Јаловик Извор.

Во моментов во Македонија има мрежа на ЕВН на полначи за електрични возила. На истата има полначи што се веќе во функција и оние што треба да бидат пуштени наскоро.

Во текот на последните неколку години, Tesla даде неколку големи ветувања за проширување на мрежата на суперполначи но за кратко време потоа истите не се исполнија. Доцнењето се чинеше дека е барем делумно поврзано со распоредувањето на новата генерација на технологијата на суперполначи, Supercharger V3, што и самиот забележа неколку одложувања пред појавата.

Целиот текст прочитајте го на 24ауто.мк ТУКА.

Популарно