Тешко им оди на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Според последните информации  се уште нема напредок на лидерската помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, брифираат извори од преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од власта велат дека нема напредок за ниедна точка. На истиот став е и опозицијата.

„Взаемна согласност има само околу констатацијата дека СЈО е завршена приказна и мртва институција.“ вели за ТВ24 висок извор од преговарачкиот тим од опозицијата.

Неофицијално, најмногу полемика имало кој да го предлага новиот шеф за новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. На маса се нашла и аферата „Рекет“

Фото: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Законот за минимална плата

Предмалку во Собранието на Република Македонија, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, остро реагираше на ширењето и продуцирањето на лажни вести од страна на социјалните мрежи и на одредени портали дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Законот за минимална плата.

Мицевски децидно ги демантираше овие лажни вести и во прилог на тоа, тој јавно го покажа листингот од гласањето на присутните пратеници за овој закон.

Исто така, доказ за тоа дека ова е лажна вест е податокот дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за овој закон, како што некои провладини портали пренесоа, тогаш овој закон немаше да биде донесен токму поради недоволниот број на пратеници.

-Порталите под покровителство на СДСМ излегуваат со информација дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за минималната плата. Сакам да го демантирам овој податок затоа што доколку не беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ владеачкото мнозинство немаше доволен број на пратеници за да се изгласа сега овој закон. Да го повторам фактот дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за минимална плата како што лажат овие портали, денес немаше да има доволен број на пратеници за да се изгласа овој закон, нагласи Мицевски.

На крајот од своето процедурално излагање, Мицевски апелираше до таканареченото “координативно тело за борба против лажните вести“ и до Зоран Заев конечно да престанат да ја лажат јавноста и да поработат на едукација на порталите блиски до нив.

-Би замолил за тоа „координативно тело за борба против лажни вести“ кое што го формираше премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет заедно да поработат на едукација на овие нивни портали и да престанат да шират лажни вести, заврши Мицевски.

И Владо Бучкоски се „спаси“

Куртули и екс премиерот Владо Бучковски, му застарува делото за „Тенковските делови“

Пресврт во маратонското судење за екс премиерот Владо Бучковски. На завршни зборови обвинителството се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај. Со новата квалификација всушност предметот застарува велат од Коалицијата сите за правично судење чии преставници го следеле денешното рочиште.

На инсистирање на Бучковски е дозволено на следното рочиште тој да ги каже последните завршни зборови, а тоа го побарал за да образложи зошто е невин. Одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска која го води предметот за застареност се уште нема, но сепак според познавачите тоа е само формалност која ќе следува на следното рочиште закажано за 22-ри овој месец.

Заедно со неговото дело застаруваат и оние на обвинетиот ексначалник на генералптабот на АРМ Методиј Стамболиски и неколкумина вработени во Министесртвото за одбрана.

Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите. Тврдеше дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

Извор ТВ Телма

Орце Камчев поднесол кривична пријава против екс специјалната обвинителка Катица Јанева ...

Орце Камчев ,кој осомничен за перење пари во случајот ,,Империја“ и на кого пред неколку дена му истече времената патна исправа и истата не му беше продолжена , поднел кривична пријава до Обвинителството.

Камчев до Обвинителството поднел кривична пријава против екс специјалната обвинителка Катица Јанева која е обвинета и е во протвор за случајот ,,Рекет“ , против нејзиниот син и против обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот ,,Империја“.

Предмет на тужбата покрената од Камчев е тоа што тројцата создале група која сакала да извлече имотна корист од него.

Популарно