Внимавајте да не претерате со скенирање сметки

Од 01.07.2019 година започна реализација на проектот Мој ДДВ, па сите физички лица кои ја симнале апликацијата МојДДВ, ги скенираат своите фискални сметки. 

Меѓутоа на социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ, а одоговорот е дека тоа е казниво по закон.

На пример фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата, не смее да се скенира.

Доколку сте го направиле ова, грешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка, јавува Курир.

Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма. Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат казни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише грешно скенираната сметка.

Видео: Нејзината реакција е неверојатна

Иако ова видео е од пред три години, тоа е се уште актуелно, а за тоа говори фактот дека има скоро 3 милиони прегледи.

Додека непозната девојка стоела на бензинска пумпа за  да го наполни резервоарос својот автомобил, двајца маскирани мажи се обиделе сериозно да извшат кражба.

Но, девојката беше побрзо и попаметно отколку што  тие биле, и успеала да го „спаси“ автомобилот од  рацете на крадците.

Она што исто така ги вознемири многумина беше тоа што никој не се обиде да и помогне. Само на крајот, кога таа се избори за она што е нејзино, еден постар човек  и пријде.

Погледнете ја акцијата на оваа  храбра девојка.

Зошто православните верници плаќаат најмногу за венчавање, крштевање, погреб или слава

Зошто православните верници во Македонија се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава?

Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на оној кој го напуштил овој свет, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини литургија во црква, кога му се оддаваат 40 дена на пок*јниот.

Крштевката чини 4.000 денари, плус свеќите. Родителите на новороденчето плаќаат 2.000 и кумот 2.000 денари. Трите свеќи за кршевката чинат 120 денари.

Венчавката е поскапа. Во зависност од тоа дали пее еден поп или владика, цените се движат од 50 до 100 евра, плус другите црковни трошоци. Ослободување од плаќање важи само за социјално-загрозените семејства, кои имаат потврда дека примаат социјална помош.

Во исламскиот свет, пак, постои цена само за погреб и за свадба. Ако оџа дојде на погреб, за неговото молење се плаќа 3.000 денари. За сунет семејството не плаќа, но може да му даде бакшиш на оџата. Да дојде оџа во домот на идните сопружници чини 1.000 денари, а тој и двајца сведоци потпишуваат „Ниќах“, или писмен муслимански договор, според кој, ако евентуално се разведат, се наведува сумата која ќе ја добие невестата како отштета од сопругот или од неговото семејство.

Католичката црква во Македонија, за погреб и свадба наплаќа 700 денари. За крштевка не се наплаќа бидејќи во верата се прима нов член, велат од таму. Кај нас постои парохиска помош. Тоа значи дека после секоја неделна миса, верниците оставаат кој колку има помош за црквата. Ако немаат да платат за некој верски обред, здравје, затоа сме ние, но нашите верници може, наместо пари, да подарат и помош како облека или јадење, за другите врници – велат од Католичката црква во Македонија.

Ценовникот за услугите од МПЦ, во Македонија и во дијаспората не се исти. Во странство, православните верници, секој посебно без разлика за колкаво семејство станува збор, велат од Скопската епархија, плаќа годишна пароиска такса која се движи околу 150 долари во САД, 20 канадски долари во Канада и 50 австралиски долари во Австралија и Нов Зеланд, а плус плаќаат за свадба, крштевка, именден или погреб.

Предлог за денешен ручек

Ќофтиња со кашкавал

Состојки

600 гр мелено месо

(пола јунешко,пола свинско месо)

1 јајце

1 главица кромид 2 чешниња лук

150 гр кашкавал ајдамер

2 парчиња двопек(или сув леб)

Од зачини сол.црн пипер,црвен пипер,оригано,магданос 

Подготовка

Ќофтиња со кашкавал Во меленото месо ги додаваме зачините, јајцето, запржениот кромид и лук, двопекот, претходно полиен со малку млеко. Од сите состојки замесуваме тесто за ќофтиња. Ги делиме на помали топчиња. Во секое топче ставаме по 1 коцка кашкавал(1*1*1 цм). Ги валкаме во брашно и ги оставаме малку во фрижидер. Потоа ги пржиме од сите страни во зејтин

Популарно