Фото:Прва победа на Македонските одбокари на ЕП

Македонските одбокари направија историја, остварувајќи ја првата победа на Европските првенства. Нашиот квалитет дојде до израз во натпреварот со Белорусија, кој го добивме со 3-1, по сетови 23-25, 25-19, 28-26, 25-20.

Македонија веќе не е аутсајдер, случаен патник и принуден учесник на Европското првенство во одбојка, туку репрезентација која запиша победа и први тре бода во групата во Љубљана.

Скептиците имаа право да не веруваат и денеска, но само во првиот сет, во кој Белорусите диктираа, подолго водеа, на крај и го добија со 25-23. Сепак, селекторот Никола Матијашевиќ од клупата најде начин како да ги поврзе конците, а капитенот Никола Ѓорѓиев да ги повлече соиграчите на паркетот, за Македонија да го покаже најдоброто од себе.

Сите оние блесоци од претходните три порази се споија во еден меч и пресвртот почна во вториот сет. Таму бевме изедначени до 13-12, а потоа следуваше експлозија, серија од 7-0 за Македонија по што сетот беше лесен залак, со 25-19.

Третиот сет беше премрежјето кое мораше да се помине, Белорусите имаа сет-топка, дури и поен со кој судиите ги прогласија за победници, откако смечуваше Ѓорѓиев, но капитенот решително побара „челинџ“, по кој се виде дека судиската е погрешна, поенот беше за нас и делуваше како ветер во грб за конечни 28-26 за Македонија во тој сет.

Психологијата проработе во четвртиот, Македонија со самодоверба и со контрола на играта го држеше во свои раце и четвртиот сет, отворајќи го со 6-2, по што Белорусите немаа капацитет за враќање.  Апсолутен играч на натпреварот беше капитенот Ѓорѓиев со неверојатни 37 поени, Љафтов додаде 15, Милев 11.

Со првата победа, Македонија освои први три бода и дојде до петтото место во групата, еден повеќе од шестопласираната Белорусија и идентично колку четвртата Турција. Финска има четири на третото место, напред се Словенија и Русија со по девет.

Утре од 17.30 часот, Македонија ќе игра со домаќинот и фаворит Словенија, со отворени шанси за осминафинале.

Потоп на Вардар во Веспрем

Денеска ракометарите на Вардар го претрпеа и вториот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, актуелниот европски првак вечерва загуби на гостувањето во Веспрем со преубедливи 39-30.

Овој натпревар беше реприза на финалето во Келн, а поразот од „Ланксес Арена“ му послужи како дополнителен мотив на унгарскиот состав, кој одигра одлично во нападот и стигна до заслужена победа. Тренерската смена не ја донесе посакуваната „шок-терапија“, Вардар во голем дел од мечот делуваше загубено во одбраната, па убедливиот пораз беше неизбежен.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Warm up... Vardar vs Vesprem.. . . . .#rakomet #hcvardar #rkvardar

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on

Вардар парираше само во почетните пет-шест минути, кога македонскиот првак имаше минимална предност во неколку ситуации. Веспрем за момент ја стегна одбраната и тоа веднаш вроди со плод, па Унгарците поведоа со 9-5, а Кокшаров беше принуден да побара тајмаут. Ниту исклучувањата на Благотиншек и на Тенесен не донесоа преголем „плус“ за „вардарци“, пред се поради очајната одбрана крај која Веспрем рутински реализираше.

Тимур Дибиров беше единствениот расположен за игра во таборот на Вардар, а токму благодарение на серијата погодоци на руското крило беше намалена и предноста на домаќинот, на само два гола разлика (15-13, 16-14). Неколкуте грешки во нападот во завршницата им подарија на домаќините лесни погодоци, Веспрем имаше 21-16, пред Дибиров со својот шести гола да ги постави конечните 21-17 по 30 минути игра.

Вардар покажа многу подобра игра во одбраната на стартот од вториот дел, три минути не прими гол и ја преполови негативата. Сепак, во 34. Минута исклучување заработи Кристопанс, а домашните ракометари знаеја како да го искористат тоа. Повторно се влезе во ритам на игра што му одговара на Веспрем, а откако Манасков погоди за водство на домаќинот од 26-21, Кокшаров беше приморан да интервенира со нов тајмаут.

Сепак, советите на Русинот не вродија со плод, па Веспрем предводен од Лауге на 15 минути до крајот стигна и до „плус шест“ (30-24). Потопот продолжи, па по исклучувањето на Калараш во 51. Минута, Вуко Борозан погоди за најубедливи осум гола предност на Веспрем до тој момент (33-25). Кокшаров последниот тајмаут го побара при 36-27, откако му даде шанса и на третиот голман (Кизиќ), но впечатокот што Вардар го остави на овој меч беше далеку од оној што му доликува на актуелен европски првак, за конечни 39-30. Исфрустриран од она што го гледаше на терен, капитенот Стојанче Стоилов пред самиот крај заработи и исклучување.

Дибиров со осум гола беше најефикасен кај Вардар, Дисингер постигна пет погодоци, но од дури 11 обиди, а по три гола постигнаа Кристопанс и Чупиќ. Дејан Манасков постигна три гола за Веспрем, а најдобри поединци во победничкиот тим беа Лауге со осум, Нилсон со шест и Ненадиќ со пет погодоци.

Денеска се жени Рафаел Надал

Рафаел Надал ќе се ожени на Мајорка со својата дологодишна девојка Марија Франсиско Парело која шпанските медиуми ја нарекуваат Чиска.

Славниот тенисер на раскошната свадба ќе има 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафаел на својата свадба ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално јадење на база на месо и риба.

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Приватни авиони исто така нема да смеат да го надлетуваат местото, се со цел да биде спречено папараците да дојдат до ексклузивни фотографии од свадбата.

Невестата одбрала фустан од Барселона, додека венчавањето ќе го изврши свештеникот Томе Катала, пријател и духовник на смејството Надал.

Фото: Врати се мајсторе

Како што објавивме поранешниот среден бек на РК „Вардар“ кој седум години помина играјќи за „црвено-црните“, Игор Карачиќ, повторно се врати во Скопје. Причината за неговото враќање е болката што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари.

Тој ја искористи оваа посета да се сретне со своите соиграчи, а фановите  му порачаа: „ВРАТИ СЕ МАЈСТОРЕ“

Популарно