Уапсен старец во Чаир - приведен во полициска станица Бит Пазар

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар- соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Полицијата го најде избеганиот осуденик од затворот во Идризово

Пронајден затвореникот кој и побегна на затворската полиција кога го враќала од Клинички.

Полицијата го пронајде затвореникот кој вчера успеа да им побегне на затворските полицајци кои го транспортирале на преглед, потврди МВР.

Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.

С.Т ОД СТРУМИЦА Е 19 ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА КОЈА ПОЧИНА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА УТРОВО!

На 13.10.2019 околу 04,05 часот, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило,,даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш.

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Коплекс клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Скопјанка пренесена во болница со тешки повреди по пад од велосипед на „Партизанска“

Вчера на булеварот “Партизански одреди“ Е.К.(33) од Скопје управувајќи велосипед паднала на велосипедската патека и се здобила со тешки телесни повреди.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Kако што јави МВР, девојката потоа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Популарно