4 работи кои мажот ќе ги направи само за жената која ја сака

Постојат одредени работи кои мажот ќе ги направи само ако искрено ве сака. Еве кои се тие...

Мажот ќе ја слуша само жената која ја сака

И тоа значи навистина да слуша. Кога зборувате со вашиот маж и постојано забележувате дека е отсутен за време на разговорот, тоа може да биде предупредувачки знак дека нешто не е како што треба.

Ако вашиот партнер навистина ве сака, тогаш ќе целосно ќе го имате неговото внимание и за него секој разговор со вас е важен. Мажот кој ве сака секогаш ќе ве слуша, ќе ги слуша вашите совети и често ќе ги прифаќа или ќе ви се спротиставува на некои ваши мислења. Тој ќе ве слуша затоа што ве сака.

Мажот ќе го промени своето мислење само за жената која ја сака

И самите знаете дека мажите понекогаш можат да бидат тврдоглави. Во многу врски се случува мажот да ја зема жената здраво за готово и воопшто да не ја сфаќа сериозно. Причина за ова е недостатокот на почит и љубов. Љубовта и почитувањето одат рака под рака.

Ако мажот гледа на вашата врска како на физичка работа, тој нема да биде наклонет кон вашите ставови туку кон вашето тело. Мажот кој ве сака и почитува ќе се обиде да најде компромис со вас, затоа што ве гледа како еднаков партнер во врската. Можеби нема баш за сѐ да постигнете компромис, но трудот да се најде решение секогаш ќе биде присутен во врската и како и во секоја здрава врска, двајцата секогаш ќе наоѓате начин како да ги решите проблемите меѓу вас.

Мажот ќе се бори само за жената која ја сака

Ниту еден маж (а богами ни жена) не се бори за нешто што е минливо и за нешто што е само за една ноќ. Ако мажот ве сака, тој ќе се бори за вас.

Ќе се бори за вас пред своите родители, вашите родители, неговите пријатели, вашето друштво. Нема да дозволи никој да ве навреди и повреди. Тоа му е како рефлекс и секогаш ќе биде на ваша страна. Човек кој искрено ве сака нема да се бори само за вас како личност, туку и за вашата љубов.

Мажот ќе направи сѐ за жената која ја сака

Човекот кој искусил вистинска љубов знае колку е таа вредна и колку време е потребно за да се најде вистинска љубов. Не постои работа која мажот не може да ја направи кога зад себе ја има љубовта на жената.

Ако имате некој важен настан во животот, тој ќе ве поддржува. Ако имате важен состанок на работа, тој ќе ви помогне подобро да се подготвите. Тие работи ќе бидат сосема нормални за него.

Ако вашиот маж ве сака, ќе ве гледа како најважната работа во неговиот живот. А имајќи предвид дека вие сте најважната работа во неговиот живот, тој ќе направи сѐ за вас.

Сѐ што е разумно и сѐ што е во негова моќ.

Никако не можам да ја прифатам оваа „модерна“ љубов

Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем со постепено запознавање, ниту пак морам итно да ги запознаам твоите родители и да се вселам во твојот стан. Но, имам проблем кога се работи за комуникација која се одвива само преку пораки, без никаква средба „очи во очи“. Имам проблем кога со недели не можам да сфатам „на што сме“. Имам проблем со сомнежи и двоумења.

Премногу сум зрела за да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со други, спомнувајќи ми колку те посакуваат други жени, обидувајќи се да ми доловиш колку е полн твојот распоред за да направиш место за мене, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтересиран и ќе продолжам понатаму. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам и убедувам зошто треба да ме избереш мене. Ако се двоумиш меѓу мене и некоја друга, одбери ја неа. Немам намера да бидам утешна награда, туку единствен избор.

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако кажеш нешто што ме збунува, нема да останувам будна навечер трудејќи се да те дешифрирам. Ако се однесуваш непристојно, нема да молчам. Јас ќе зборувам. Ќе ти кажам што чувствувам наместо да глумам дека не ми е ништо. Нема да ги поттиснувам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил. Нема да губам време на слушање на твоите приказни, ако не си подготвен да кажеш на сите дека сум твоја. Нема да ја вложувам мојата енергија во тебе кога не си сигурен дали нашата врска е вистинската и дали има иднина за нас. Јас сакам некој кој не се плаши да биде посветен и верен. 

Премногу сум зрела за да се чувствувам неудобно заради тоа што сум сама. Повеќе не се лажам себеси за тоа дека сѐ повеќе ми се зголемуваат шансите дека ќе останам сама. Повеќе не мислам дека ќе бидам посреќна во врска. Океј ми е и вака. Ако дојде до врска која има смисла, со задоволство ќе го отворам моето срце. Но, сѐ дотогаш, ќе останам сама. 

ФОТО: Вели дека спиела со над 100 оженети мажи - таа е вистинска сериска секси љубовница

Ново истражување покажало каков ставо имале нашите родители кон неверството и како тоа влијае врз нас и како ние го доживуваме.

Имено, се испоставило дека дури две третини од испитаниците чии мајки имале љубовници во брак, имале некаков облик на љубовна афера.

Интересно е дека 32 отсто од жените признале дека чувствуваат дека неверството на нивните мајки на некој начин им дале крилја слободно да се однесуваат во врските. 

Ваквите резултати ги навеле научниците да утврдат постоење на таканаречен „ген за неверство“ кој наводно се пренесува од колено на колено. Во оваа тероија верува и Гвинет Ли, жена која јавно се декларира како сериска љубовница.

Гвинет досега неколку пати била во фокусот на светските медиуми, пред се затоа што отворено зборува за својот сексуален живот и навиката да спие со оженети или зафатени мажи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Tired, but the last few weeks, we, as a family were strong. Our love pulled us through. My life is blessed.

A post shared by Gweneth Lee (@gwenslist) on

Таа тврди дека во изминатите 10 години спиела со над 100 оженети мажи, а вели дека барем три четвртини од нејзините љубовници имале неверни родители.

Оваа атрактивна дама вели дека и голем број нејзини пријателки ги изневеруваат своите сопрузи, односно дека отворено зборуваат за тоа со своите мајки кои им делат совети како да не се дознае за неверството.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Wishing you a cozy Holiday weekend.

A post shared by Gweneth Lee (@gwenslist) on

ФОТО: Победникот добива секс со неа, а има и услови

Хрватската старлета Ава Карабатиќ, некогашна учесничка на реалити шоуто „преживеан“ деновиве на Инстаграм објави „наградна игра“ на која победникот ќе добие секс со неа.

Ава ги навела и условите на играта- личноста мора да биде полнолетна, да има презерватив и да има „минимум 15 сантиметри“.

„Предиграта нема да започне во спалната, туку со флерт.На ова се одлучив зошто сакам да пробам нови работи. Сексот е само акција. Секако тоа не значи дека ќе доживее љубов, сакам страс и емоции и се надевам дека 1 вечер може да се претвори и во 1001 ноќ“ навела во својата објава српската старлета Ава.

Популарно