Бенките се мапа на нашата личност и показател на иднината

Бенките се мапа на нашата личност и показател на иднината, тврдат кинеските астролози. Симон Вонг состави „Краток водич за бенки“ наведувајќи во него што претставуваат тие и што значи нивната положба.

Чело – Доколку се наоѓа на средина од челото, ќе ве следи лоша комуникација со авторитети. Ако бенката е на едната страна, тоа значи дека сте енергични и одлучни.

Очни капаци – Нестабилни семејни односи може да се кријат зад бенката на капакот од окото, додека пак бенката што се наоѓа под окото може да претставува претерана емотивна осетливост.

Веѓи – Бенка под веѓата означува добро здравје, а над – богатство без многу труд.

Уши – Ако на ресичката од увото имате бенка, значи дека сте добри, праведни и ценети во друштвото. Доколку е во увото, долго ќе живеете, а на врвот на увото значи дека сте многу интелигетни. Успешните луѓе имаат бенки на двете ува.

Раце – Ако имате бенка под лактот значи дека сте емпатични, а доколку е на дланката, означува дека сте многу талентирани за уметност.

Нозе – Личностите со изразена сексуалност имаат белег на колковите, а на колената имаат оние што се материјалисти. Лидерите имаат бенки на стапалата.

Врат – Бенка на ова место може да донесе големо животно разочарување. Ако бенката се наоѓа на средина од вратот, тоа значи дека личноста е проблематична.

Образи – Ако се наоѓа на преклопот на образот, тоа може да биде предзнак за големи несреќни случувања.

Нос – Без разлика на тоа дали се наоѓа на врвот или на средина од носот, бенката на тој дел од телото значи проблеми и тешка работа.

Усни – Ако бенката се наоѓа на аголот од горната уста, значи дека сте хедонист и естет. Доколку е на долната, децата ќе ви бидат успешни.

Стомак – Што поблиску до средината на стомакот се наоѓа вашиот белег, толку повеќе успех ќе ве следи во животот.

Грб – Успехот е гарантиран за они кои имаат бенки на грбот.

Задникот – Великодушни и хумани личности, кои уживаат во добрите вкусови, имаат бенка на ова место.

Гради – Белег на градите е знак за добра мајка, а на брадавицата наговестува дека ќе имате успешни и среќни деца.

ФОТО: Дознала колку чинел прстенот, па решила јавно да го посрамоти својот вереник

Пред некое време, некоја жена на еден форум се пожалила дека нејзиниот вереник ја разочарал со прстенот со кој ја запросил.

Таа се пожалила дека дијамантот бил многу мал.

Таа се распрашала и дознала дека прстенот чини 1.674 долари и била премногу разочарана.

Таа решила овој проблем, ова разочарување да го сподели на форумот и очекувала дека другите жени ќе ја разберат.

Но таа го дочекала спротивното, сите ја обвиниле неа дека била материјалист и дека не треба да гледа така на работите, многу е побитна љубовта отколку прстенот.

За некои жени, скапиот накит не значи ништо, битна им е целта, но некои други сметаат дека прстенот веренички би требало да биде скап.

PVC прозорите имаат зимски и летен режим, вака треба да ги подесите

ПВЦ столаријата е најчест избор, бидејќи лесно се инсталира, а и најдобро ја задржува температурата во домот. Но, при поставувањето мајсторите обично не ви кажуваат некои битни работи…

Поентата е што во различни временски периоди потребно е да го промените начинот на „одржување“ на прозорите.

Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот на страната каде се наоѓа рачката, па подесете го помош на инбус клуч.

Шрафот кој се наоѓа од страната свртете го кон внатре, при што ја регулирате силата на потисок на прозорската рамка.

Кога мајсторите ги поставуваат прозорите, најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден режим.

Ако не сте сигурни во кој режим се вашите прозори и врати, едноставно притиснете парче хартија со прозорската рамка.

Ако без проблем можете да го извадите, наместен е на летен режим, а ако се искине при вадењето тогаш е на зимски режим.

Не е пожелно да ги оставате вратите и прозорите на зимски режим цела година, бидејќи се оптеретува гумата на рамката и брзо се троши. Деталите погледнете ги во видеото.

ГАЛЕРИЈА: Најгадните автомобили некогаш склопени!

Иако, убавината доаѓа од окото што ја гледа, овие автомобили во светот на автоиндустријата важат за најнеубавите.

Pontiac Aztec

Volvo 240

Isuzu VehiCross

Nissan Juke

Volkswagen Type 181 “The Thing”

Wartburg 353

Nissan S-Cargo

Reliant Robin

Covini CW6

Fiat Multipla

Marcos Mantis

Популарно