Во тек е акција за обезбедување на таткото на Боки 13

Во моментов во тек е полициска акција по наредба на судот за обезбедување на Миле Јовановски, татко на Боки 13, осомничен во случајот Рекет за злоупотреби преку Меѓународниот сојуз. Апсењето се одвива во Тафталиџе кај стара Змија.

Секој момент се очекува пред судот да биде изведена и Јасна Мандиќ од Меѓународниот сојуз.

Наскоро повеќе детали.

вечер

Да им помогнеме да го најдат уредот

На ФБ е објавено дека е изгубен е ресивер DEXCOM или украден во автобус 23, како на сликата,во големуна на пејџер. Истиот служи за постојано следење на шеќер во крвта, а го користи дете. Без ресиверот не може да се гледа шеќерот кај детето и постојано ќе треба да се боцка за да го мери шеќерот. Ако некој го најде ве молам да ме контактира на 076355466.Ве молам да го споделите статусов за ако може да го најдеме. ФАЛА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО- ИТАЛИЈАНСКИОТ ДРЖАВЈАНИН НЕ Е ЗАРАЗЕН ОД КОРОНА ВИРУС

Италијанскиот државјанин, кој ноќеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

Како што претходно соопштија од Министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на Скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот

ФОТО: Пратеникот Мухамед Зеќири стана татко

Пратеникот Мухамед Зеќири  денеска на својот Фејсбук профил објави дека утрово му се родила ќерка од бракот со втората сопруга Бисера.

„Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка.

На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин“, напиша Зеќири.

Популарно