Покрената е постапка за заменичка на Боки 13 во Меѓународниот Сојуз

Доцна вечерва судија на претходна постапка донесе одлука за определување домашен притвор за Јасна Мандиќ, заменичка на Боки 13 во Меѓународниот Сојуз.

Обвинителството за организиран криминал бараше притвор.

За Фросина Ременски, Миле Јовановски и асистентката на Боки, утре ќе биде спроведен распит пред судија на претходна постапка, откако се повикани денеска да дојдат.

Според ОЈО за организиран криминал, вечерва се вршат претреси на локации, без детали зошто после толку време.

Чипсот и WC шолјата имаат нешто заедничко поради што никогаш повеќе ќе нема да сакате да го јадете

Чипсот за прв пат се појави во 1853 година кога готвачот Џорџ Крум постојано се нервирал од клиентите кои постојано му ги враќале пржените компири, бидејќи биле премногу дебело исечени.

Во својот бес, Крум го исече компирот тенко како лист го испржил и така несвесно стана креатор на чипсот каков што денес го познаваме. Многу се промени од тој ден. Барањата за поголема количина на чипс доведоа до тоа сè повеќе хемикалии да се употребуваат и во производството на чипсот. 

Една од хемикалиите е натриум бисулфит кој се користи за да се разбие растот на бактерии на овошјето и зеленчукот, некоја морска храна или виното. Исто така, оваа хемикалија се наоѓа и во средството за чистење на тоалетот. Се наоѓа и во некои детергенти за миење садови, но во поголема количина е присутен во чипсот.

Натриум бисулфит реагира со ослободување на гас на сулфур диоксид, кој го спречува развојот на бактерии и промени во бојата предизвикана од хемиската реакција. Се користи во чипсот за да ја подобри неговата долготрајност на полиците во продавниците и да спречи промена на бојата.

Количините кои се пронајдени во чипсот се сосема безбедни. Произведувачите секако се советуваат да внимаваат. Доколку се користи на свежи производи кои содржат витамин Б1 тогаш доведува до негово уништување.

За жал произведувачите сè уште не успеале да пронајдат замена за оваа хемикалија.

Нема да верувате колку е килограм од ова...

Пиперките се продукт кој се конзумира низ целиот свет, ги има во различни сорти и вкусови меѓутоа една  сорта посебно се издвојува. Станува збор за пиперката „Чарапита“ која потекнува од северниот дел на Перу. За да успее потребна е тропска клима и затоа многумина кои пробале да ја посадат не им успеала.

Се карактеризира со минијатурен изглед и интензивен лут вкус. „Лута е и цената од 23.000 евра за еден килограм па затоа може да се најде на менито на најлуксузните ресторани.

Фото: Дали го препознавате?

Поранешниот пејач на групата „One Direction“, Зејн Џавад Малик, ги изненади своите  фанови со драматична промена на имиџот.

Зејн, кој инаку е познат по својата „разбушавена“ коса, објави на Инстаграм за да објави фотографија на која позира „исшишан“ нула. Иако доби многу комплименти, а фотографијат се допадна над три милиони луѓе, на некои фанови не им се допадна промената.

"Кој е ова?" некои се прашуваа во коментарите, додека други коментираа колку добро му одговара оваа фризура:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zayn Malik (@zayn) on

Популарно