ФОТО: Билјана Дебарлиева прослави 25 години брак со сопругот

Македонската водителка и ТВ-презентерка, Билјана Дебарлиева, прослави 25 години брак.

Нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Билјана и Јован имаат две деца, син и ќерка, но тие ретко се појавуваат во јавноста со својата мајка.

ВИДЕО: Анастасија го испеа големиот хит на Цеца

Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ на 24 ноевмри ќе се венчаат, а снаата на Цеца синоќа ја прослави својата моминска вечер.

Анастасија Ражнатовиќ запеала на моминската забава на својата идна снаа и тоа запеала еден од најголемите хитови на својата мајка.

Пејачката ја кренала забавата на повисоко ниво со песната „Лепи громе мој“, која ја пееле сите присутни во еден глас.

Анастасија била одлично расположена, а додека пеела дури и намигнувала во камера и се насмевнувала преку микрофонот. Бремената Богдана како принцеза на моминската - има и вел.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ovako Bogdana peva pesmu " Rane" na devojačkoj večeri❤ #bogdanaraznatovic #devojackovece #rane

A post shared by CECA RAŽNATOVIĆ - ©️®️ (@ceca_original_official) on

ФОТО: Индира ги изненади сите на Инстаграм со новата фотографија

Хрватската пејачка Индира Левак објави фотографија на која рацете ѝ се врзани со ланци, а објаснила и зошто е тоа така.

Некогашната членка на групата „Колонија“ објаснила дека рацете ѝ ги врзал сопругот Мирослав, за кој се омажи во јуни 2014 година. Таа на Инстаграм позираше во теретана и кратко порача:

„Кога сопругот ќе те врзе во теретана, се прашуваш која е причината?“, напишала таа и ставила емотикон кој се смее.

ФОТО: Татјана Лазаревска со полна трпеза го угости Мартин Вучиќ во Австралија

Од 17-ти до 24-ти ноември во Мелбурн, Канбера и во Сиднеј, по повод 70-годишнината од постоењето, ансамблот „Танец“ гостува во Австралија.

На чело на членовите на Националната установа е директорот Мартин Вучиќ, кој по пристигнувањето се упати на австралиско-македонска адреса каде го угостија со полна трпеза.

Во Австралија кај и да си, кај естрадното брачно дуо Татјана и Новица мора да си! Кај нив, за секој Македонец вратата е отворена, а особено за колегите од музичката фела кои редовно ги посетуваат кога се на турнеја.

Директорот Вучиќ заедно со колегата Бубе од „Форуна“ направија и една фотографија за спомен од посетата и убавата дружба кај Тања, а таа по пракса ја објави фотографијата на својот Инстаграм опишувајќи ја со зборовите:

-Моите драгоцени гости и колеги од Македонија, пишува Лазаревска.

Инаку, неодамна на гости кај Новица и Татјана беа и Благица Павловска и Маријана Новачевска.

Фото-спомен имаше и тогаш, а веруваме дека албумот со македонски гости во Австралија на пејачката е доста богат!

Популарно