ФОТО: Ражнатовиќ драстично го промени имиџот

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ прошета низ Белград со нов имиџ. Кусо розово фустанче и руса коса како барбика беше маската на Анастасија за „Ноќта на вештерките“.

Својата одлична фигура таа ја истакна и со високи потпетици, а многумина коментираа дека одлично изгледа во ваква комбинација.

ФОТО: Македонската пејачка објави фотографија од детството

Младата талентирана пејачка Лина Пејовска успешно го трасира патот на музичката сцена и не само дома, туку и во регионот, кој веќе имаше прилика добро да ја запознае и да ги препознае нејзините квалитети преку талент-шоуата.

Талентот на Лина се гледа уште од мали нозе, а доказ за тоа е фотографијата која таа ја објави на Инстаграм, на која таа држи микрофон во раце.

ФОТО: Емина Јаховиќ од нив доби најубаво подарок

Емина Јаховиќ го прослави 38. роденден а покрај бројните честитки на кои преку социјалните мрежи се заблагодари, синовите Јаман и Јавуз ѝ приредија момент за паметење.

Тие на својата мајка ѝ отпеале песна, па и помогнале да ги дувне свеќите и да замисли желба.

Пејачката цело време се смеела и опкружена со букети цвеќе ракоплескала и пеела со своите наследници, кои после тоа цврсто ја прегрнале и бакнувале.

„Моите господа“, порачала таа.

ВИДЕО: Цеца и Анастасија славеа за Василица во вилата во Дедиње

Во вилата на Светлана Цеца Ражнатовиќ на Дедиње во понеделникот вечерта традиционално беше дочекана Православната Нова Година. Пејачката ги собра пријателите и семејството, подготви богата трпеза, а дури донесе и бенд кој ги забавуваше.

Покрај ќерката Анастасија и синот Вељко, на прославата присуствуваа и бремената снаа на Цеца, Богдана, сестра ѝ Лидија, а и Аца Лукас.

Цеца и Лукас во чест на покојниот сопругот на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан ја испеаја песната „Како ми недостајеш“, а Анастасија објави снимка и напиша „Ж“ Од мене...Така ми недостигаш....20“ - напиша Анастасија, нагласувајчи дека поминале 20 години од смртта на нејзиниот татко.

Популарно