Фото: Љубовта цвета: Марјана Станојковска на ручек со семејството на Пеце Наумовски

Кога сте јавна линност ретко може да го сокриете приватниот живот од очите на јавноста, меѓутоа на македонската водителка Марјана Станојковска тоа одлично и оди.

Марјана одлично го крие својот љубовен живот, па многумина можеби се запрашале дали е сама или има партнер.

Иако на јавните случувања може да ја видиме сама односно без парнтер, водителката на „Лото“ неколку години има машка поддршка. Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и оттогаш започнале љубовна врска. Парот со години се гледал во приватни вили и хотели, заедно оделе на одмор кај нашиот јужен сосед каде што Пеце има јахта, а во ресторани само се појавувале со пријатели.

Денес во еден познат скопски ресторан екипата на „Слободен печат’ ги „уловила“ познатата лото девојка Марјана Станојковска и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Очигледо е дека тие повеќе не ја кријат својата врска од јавноста.

Од друга страна се шпекулира дека Станојковска е бремена, па и наскоро ќе се реализира во улога на мајка. Овие информации не се потврдени, а дали навистина е така времето ќе покаже.

Дека врската е повеќе од сериозна говори и фактот дека тие биле во друштво на најблиското семејство на Пеце.

Тие уживаа во специјалитетите од риба и морската храна. Ги уловивме на заминување, погледнете ги фотките:

Извор -убавина и здравје.мк

Голем успех на нашите ученици на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

На Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар, македонскиот тим се закити со пет медали – две сребра и три бронзи. 

На Меѓународната јуниорска олимпијада учествуваа 409 ученици од цел свет, тие се натпреваруваа индивидуално на два теоретски тестови со содржина, односно прашања и задачи од предметите физика, биологија и хемија, и тимски со практична работа преку изведување по еден експеримент од секоја дисциплина.

Изборот на олимпијците беше детерминиран од претходните селекциони натпревари организирани од страна на Друштвото на физичари на РМ, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Македонското биолошко друштво.

Олимпискиот тим е составен од шест ученици што ја преставуваа Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, а како покровители беа ФИТР, Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците од градовите од каде што се македонските репрезенти.

Олимпискиот тим го сочинуваат учениците Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски, Теона Кировска и Стефан Дрмач. Тие беа под менторство на професорите од ПМФ Боце Митревски, Марина Стојановска и Лозенка Иванова. Во подготовките на младите олимпијци учествуваше и претседателот на ДФРМ професорот Ламбе Барандовски.

Пејачката на Роксет почина,а не је откри тајната

Шведската пејачка Мари Фредриксон ,од  популарното дуо „ Роксет“, почина минатиот понеделник на 62-годишна возраст.

Мари починала во својот дом по долгата и тешка болест, на пејачката и беше дијагностициран рак во 2002 година. Тоа имаше мозочен тумор, а ги остави зад себе сопругот и двете деца.

Интересно е што тајната за  Роксетк оја со  години ги интригираше нивните фанови низ целиот свет остана нерешена.

"It Must Have Been Love"“ остана една од најубавите  љубовни балади на сите времиња, а Мари ја однесе вистината со себе  - дали таа пееше за љубовта меѓу неа и нејзиниот  партнер.од бендот.??

За ова се шпекулираше со години, и тие само коментираа  еднен за друг како пријатели. Пер се збогува со колешката на Фејсбук со емотивна порака.

" Времето поминува толку брзо. Не толку одамна, ние поминувавме денови во мал стан во Халмштад, слушајќи музика што ја сакавме и двајцата, споделувавме соништа и фантазиравме. И каков сон остваривме заедно! Благодарам Мари, за сè. Беше феноменална  пејачка, неверојатен забавувач Ти благодарам што им ги дадовте на моите црно-бели песни најубави бои Ти беше најдобриот можен пријател во последните 40 години, јас сум горд, чесен и среќен што споделив толку многу од  време, талент, топлина и хумор со тебе. Целата моја љуубов оди кон тебе и вашето семејство. Ништо повеќе нема да биде исто “, напиша Пер.

 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно