Повеќе не се кријат: Елена Ристеска и момчето за првпат во јавноста заедно

Елена Ристеска пред извесен период, за Женски магазин потврди дека е во врска со скопјанецот Филип Арсовски.

Имено двојката вчеравечер за првпат се појави заедно во јавност, на Fashion Weekend Скопје.

Во ист стил, со сако и црни комбинации, Елена и Филип изгледаа одлично.

Иако на почетокот не сакаа јавноста да знае, откако медиумите го обелоденија идентитетот на саканиот на Еленче, таа реши дека нема што повеќе да сокрива.

Имено, пејачката пред некој викенд се вклучи во живо на својот профил на Инстаграм, а причината за тоа беше награда која ја доделуваше на своите верни обожаватели и следбеници.

Во изборот од наградната игра и помогна токму саканиот, а таа на шега го нарече свој асистент. Иако не му го покажа лицето, јасно беше чија е тетовираната рака, а ова како да беше навестување дека Елена повеќе нема намера ништо да сокрива ама умерено, пополека…

За потсетување, поминаа речиси четири години откако Елена Ристеска се разведе од сега поранешниот сопруг Бојан Ивановски.

Видео: „Километри“ на Лозано украдена од косовски пејач – се натпреварувал на фестивал!

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивал во Албанија – „Kenga Magjike“.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!

Направете споредба и слушнете ја оргиналната нумера на Лозано:

ФОТО: Таа и купи скапоцен подарок на снаата

Вереницата на синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ и официјално направи веридба и доби скапоцен подарок.

Таа на снаата и купи скапоцен часовник, со вереничкиот прстен кој го доби од Вељко.

Сега се реши да и даде скапоцен прстен кој дури не го дала ни на ќерка си Анастасија.

ФОТО: Аца Лукас славеше, па заспа на сопствениот роденден

Викендот што помина познатиот српски пејач Аца Лукас организираше забава во еден познат ресторан во Белград по повод својот роденден.

На роденденската забава биле поканети најблиските пријатели и колеги на Лукас. кои „заглавиле“ до раните утрински часови.

Очигледно Лукас изморен од напорниот ден, некаде на крајот од својот роденден успеал да заспие пред присутните гости.

Како изгледало тоа, погледнете од фогорафијата:

Популарно