Денеска е Митровден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку

дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа и празникот Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец и мироточив. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината.

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.

Насекаде во Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, полјаци, протуѓери, овчари, козари, свињари итн., но и селски старешини одборници, коџобашии итн., договор што важел до Ѓурѓовден или до следниот Митровден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, им се исплаќала ругата (заработувачката) и се правел пазар за наредниот период.

Во некои места на Македонија Митровден е домашен празник, се чекаат гости, се месат лебови, се коли курбан или се одржуваат панаѓури. Во Разлошко како што е запишано во зборникот на браќата Молерови, Митровден бил празнуван со собор како ѓурѓовденскиот на врвот „Свети Мит’р“ среде Пирин. Таму имало „тројалиште“ заобиколено со дванаесет даба во спомен на 12-те апостоли. Интересно е што во околината никаде немало даб. Во последно време поради тоа што времето во овој период на годината е студено со дожд и снег и овој собор е изоставен.

Антон Поп Стоилов забележал дека во Мариово собир имало во с. Манастир кај црквата „Св.Димитрија“, а на овој ден панаѓур правеле и селата Бзовиќ, Старавина, Градешница и Груништа. Марковиот манастир во близината на Скопје е посветен на свети Димитрија и во него има циклус фрески од животот на овој светец. Во Гевгелиско, како што запишал Стефан Тановиќ свети Димитрија го празнувале и Турците под името Касим. Во овој крај до овој празник го собирале бериќетот од полето за после да ги пуштат говедата без чувар (ајмана).

Исто така, цел ден се одело на лов касимавна – митровденски лов. На овој ден вечерта на овчарите, воловарите измеќарите и сл. им се приредувала вечера и им се исплаќала заработувачката за изминатиот период.

Со Митровден се поврзани и повеќе верувања. Марко Цепенков забележал дека „како што ќе биди дено на Митроен топол, студен и ер како да биди, таквие ќе биле четириесетте дни по Митроен“.На друго место Цепенков запишал дека „на новина ако биди Митроен, тешка зима ќе имало.“

Светиот великомаченик Димитрија живеел во третиот век по Христа. Се родил во Солун и бил син на градоначалникот на овој град. Легендата вели дека солунскиот војвода долго немал пород и по многуте молитви упатени кон Бога бил даруван со машко дете кое со големо внимание го образувал и воспитувал и го воведувал во христијанството. Во тоа време овие краишта биле во составот на Римската империја и со нив управувал царот Максимијан, кој бил паганин и жестоко ги прогонувал христијаните.

По смртта на татко му, Димитрија бил именуван од страна на Максимијан за градоначалник на Солун при што бил советуван да биде немилосрден кон христијаните, да ги убива и прогонува секаде каде што ќе ги сретне. Но Димитрија бил христијанин

Најпрвин тајно, а потоа и јавно го поддржувал христијанството, ги подучувал христијаните како да се чуваат од лошите

пагани и да не се откажуваат од Христа дури и по цена на животот. За ваквата дејност на Димитрија разбрал и царот Максимијан. За да се увери во тоа што го слушал тој дошол во Солун. Димитрија не само што не порекнувал дека е христијанин туку го презрел

идолопоклонството на царот. Затоа овој наредил веднаш да биде затворен. Димитрија, знаејќи што го чека целиот свој имот му го оставил на некој пријател по име Лупа, тој да го раздели на сиромаси. Во затворот ги слушнал зборовите на ангелот Божји кој му рекол: „Мир на тебе, страдалниче Христов, охрабрувај се и не очајувај“.

Во тоа време во Солун имало амфитеатар во кој се изведувале гладијаторски борби. Луѓето се бореле меѓусебно до смрт или во арената биле предавани на крвожедните ѕверови. Особено страдале измачените христијани кои биле убивани од гладијаторите или раскинувани од ѕверовите на очиглед и одобрување од преполниот амфитеатар. Меѓу гладијаторите со својата суровост посебно се истакнувал и на царот му бил мил некој со име Лиј кој ги измачувал христијаните до смрт, а потоа ги убивал или ги фрлал на ѕверовите или под арената каде што паѓале врз исправени копја, се набодувале и во страшни маки умирале.

Во тоа време во Солун живеел еден храбар човек по име Нестор, кој не можејќи да ги трпи нечовечните постапки на паганите посебно на тиранинот Лиј решил да му излезе на двобој, да го убие или да загине. Тој го посетувал Димитриј во затворот и од него барал дозвола за тоа. Св. Димитриј го благословил велејќи му: „Ќе го победиш Лиј, но ќе пострадаш за Христа“. Потоа Нестор ја прифатил борбата со гладијаторот и го убил. Кога за тоа разбрал римскиот император наредил Нестор веднаш да биде исечен, а и Димитриј да биде погубен во затворот. Царските војници веднаш го убиле Нестора, а кога дошле во затворот кај Димитриј

виделе како тој без страв се моли на Бога, а од лицето му зрачела чудна светлина. Плашејќи се да му се доближат војниците го убиле од далечина гаѓајќи го со копјата. Тоа се случило рано наутро на 26 октомври според стариот (8 ноември според новиот) календар 306 година и тој ден се смета за празник посветен на свети Димитриј Солунски. Источната црква го канонизирала за светец. Неговото тело христијаните тајно го погребале во црквата што го носи неговото име во Солун.

На иконите свети Димитрија е претставен во војводска облека на коњ и со копје убива човек кој е под копитата на коњот. Тоа е Лиј кој бил убиен од Нестор со благослов на Димитриј.

За време на животот Димитриј бил војвода на Солун, и негов заштитник. Но и по смртта тој останал заштитник на Солун зашто ги одбивал непријателите, направил многу чуда, ги исцелувал болните, ги застапувал пред Бога сите што ќе ја побарале неговата помош. Бил наречен Димитриј Солунски и во споменот на народот останал како патрон на овој град, но и како негов бранител, заповедник, господар, застапник и посредник. Црквата „Свети Димитриј“ во Солун од крајот на В век била најпосетеното светилиште на побожните христијански аџии.

Православните Руси го зеле на заштитник на Сибир, откако го освоиле и го припоиле кон Русија на 26 октомври 1581 година.

Светата христијанска црква го празнува и споменот на светиот маченик Нестор, кој со благослов на свети Димитриј го убил гладијаторот Лиј. Тоа е денот по празникот на Св. Димитриј, 9 ноември според новиот календар (или 27 октомври според стариот календар).

Во некои краишта на Македонија, во народното верување овој ден се смета за празник на глувците. Во Кумановско, на пр. се вика „глушчов д’н“ и тогаш не се работи за да не го јадат глувци житото и брашното. Според верувањето тогаш и не се буричка во брашното и не се дава заем за да не го разнесуваат глувците. Истото верување во минатото е забележано и во Битола. Но на овој ден се саделе овошки и лози зашто се верувало дека сигурно ќе се фатат. „Какво (дрво) да се насади на тој д’н, ќе се фане и ница“ се вели во Кумановско. Во Гевгелиско, како што запишал Стефан Тановиќ Св. Нестор се сметал за лесен празник. Се верувало дека тој бил помлад брат на свети Димитрија и бидејќи бил посиромав не успеал да се прослави како него, поради што и помалку се празнува. За свој покровител го имале мајсторите (ѕидарите).

Тропар

Свети великомаченик Димитриј – Митровден

Како голем херој во бедите Те најде вселената, страдалнику победувајќи ги незнабошците. Па како што ја скрши Лиевата гордост а го поттикна на смел подвиг Нестора, така свети Димитрие, на Христа Бога моли се, да ни дарува голема милост.

Спомен на големиот земјотрес

Во времето на царот Лав Исавријанин имаше страшен и долготраен земјотрес во Цариград, во 740 година. Народот тоа го сфати како казна Божја за гревовите и им се молеше на Пресвета Богородица и на свети Димитриј со големо покајание, додека Бог не се смилува и земјотресот не престана.

Преподобниот маченик Јоасаф

Ученик на свети Нифонт, цариградскиот патријарх. Се подвизуваше на Света Гора. Имаше толку љубов кон Христа, што сите подвизи му се видоа недоволни, па сакаше да пострада од љубов кон својот Господ. Затоа отиде во Цариград, каде што јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Пресвета Троица и во Синот Божји. Огорчени, Турците му ја отсекоа главата на 26 октомври 1536 година.

Доколку имате над 40 години овој зачин треба да биде вашиот најдобар пријател

Овој моќен зачин ќе го намали чувството на глад, но исто така ќе придонесе во тоа вашиот метаболизам да работи како што треба.

Иако промените во организмот со текот на годините се нормална појава, постои едноставен начин да ја подобрите состојбата на организмот.

Кај жените по 40-та година од животот метаболизмот забавува, па така килограмите многу полесно се зголемуваат. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема промена.

Буковецот содржи капсаицин, материја која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а доволно е само прстофат од овој зачин за да се постигне ефектот.

Го забрзува метаболизмот

Докажано е дека капсицинот ја зголемува телесната температура и ги забрзува процесите на варење и губење на маснотии. Храната богата со белковини (пилешко месо, риба) побрзо се вари кога во неа ќе се додаде барем малку буковец. Руските доктори тврдат дека редовното консумирање лута храна во мали количини го забавува и стареењето, но го јакне и имунитетот.

Го намалува чувството на глад

Докажано е дека капсацинот може да го намали чувството на глад што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Бројни истражувања покажале дека капсицинот го намалува и нивото на крвниот притисок.

Го подобрува варењето на храната

Буковецот може да го подобри здравјето на системот за варење на храна, а тоа го намалува ризикот од настанување на канцер на желудникот.

Овој раствор е инфузија за цвеќињата

Главната компонента за нега на цвеќињата и растенијата е навременото и правилно ѓубрење. Меѓутоа, на билките им треба и внимание и љубов како и редовни третмани кои ќе им помогнат да бидат раскошни и убави.

Покрај органските додатоци за собни растенија кои можат да се најдат во сите земјоделски аптеки, подеднакво корисни за билките можат да бидат и домашните раствори, а ние денеска ви претставуваме рецепт за еден раствор кој го користат сите искусни цвеќари.

Дали сте знаеле дека аспиринот, освен што се користи за медицински цели, може да го поттикне растот на билките и да им помогне да се регенерираат? Аспиринот содржи салицилна киселина која помага билката да расте и е корисен за сите растенија, без разлика дали ги одгледувате во двор или во саксии.

Сè што ви е потребно за овој раствор е една таблета аспирин и еден литар дестилирана вода.

Начин на подготовка:

Издробете ја таблетата и ставете ја во дестилираната вода, а потоа мешајте сè додека не се растопи. Со ваквиот раствор може да се залеваат или да се прскаат билките, а за најдобри резултати правете го тоа еднаш неделно.

Еве како делува овој раствор на растенијата:

  • делува на развојот на коренот
  • со редовна употреба, цвеќето станува побујно
  • аспиринот може да спречи производство на етилен кој е најчеста причина за овенување на цвеќињата
  • аспиринот е одличен и за букети – во вазната додајте една издробена таблета аспирин и цвеќето ќе остане свежо подолго време

Оваа намирница е главен виновник за дебелината

Лебот е храна без која многу луѓе не можат да живеат и секогаш се консумирала најмногу. Сепак, негативните аспекти на конзумирање леб на телото се многубројни.

Освен што е една од најчестите намирници поврзани со дебелина, постојат и други здравствени проблеми предизвикани од јадење премногу леб.

Покажа дека луѓето кои јадат две или повеќе порции бел леб на ден имаат поголем ризик од дебелина отколку оние кои јадат една порција бел леб.

Го зголемува гладот

Обидот да го измамите гладот ​​со леб само ќе го зголеми вашиот глад со текот на времето. Повеќето видови леб се преработени, што значи дека содржат многу малку или воопшто не содржат хранливи материи. Затоа, кога го јадеме, нашето тело всушност не препознава никакво чувство на ситост. Сепак, телото ќе препознае шеќер во крвта и ќе додаде повеќе инсулин, сето тоа предизвикува уште поголем глад.

Честа болка во стомакот

Меѓу видовите леб со голем дел од влакна, се продаваат и оние на кои им се додадени влакна, како што се инулин и бета-глукан. И кога ќе ги консумирате во прекумерни количини, ќе се појави надуеност и гасови.

Предијабетес

Консумирањето премногу леб доведува до нездраво ниво на шеќер во крвта. Ова особено се однесува на високо рафинираниот леб, кој го купуваме во продавници и пекари. Ова го зголемува нивото на воспаление во телото, што предизвикува предијабетес, што е предупредувачки знак дека е зголемен ризикот од развој на дијабетес.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок може да биде резултат на премногу внес на леб. Лебот и разните пекарски производи, според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, се два главни извори на натриум, хранлива материја за која се знае дека го зголемува крвниот притисок. Дури и мала количина леб може да го зголеми ризикот од хипертензија.

Популарно