ВИДЕО: Страшна е сликата од полпавите во Црна Гора

Хаос настана во Црна Гора, откако се излеаја реки, а има и поплавени куќи и кафулиња. 

Поплавени се два моста во Колашин, а во околината на градот се изли реката Плашница, при што дојде до рушење на 80 отсто од насипите.

Во Котор еден крузер не може да влезе во пристаништето, а друг маневрира.

Од влезот во заливот се откажа и крузерот „Опера“ заради силен јужен ветар, објави радио Котор. Невремето предизвикало проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини. 

Во Никшиќ повторно е затворен сообраќајот преку Мокра нива, а најкритично е во Горно поле, пренесе ЦдМ.

Од Службата за заштита и спасување соопштено е дека досега имало бројни интервенции, во главно во Мокра нива и населените места покрај реката, а атмосферската канализација не може да прими големи количини вода.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно