Фото: Екс министерот Николовски се „врати назад во времето“ и го откри скриениот талент

Скромен, ненаметлив и посветен во професијата. Овие епитети многумина му ги препишуваа на поранешниот министер за земјоделство и актуелен генерален секретар на владечката СДСМ Љупчо Николовски кој денеска се потсети на деновите од младоста. 

На социјалните мрежи Николовски кој јавноста го знаеше како најмлад министер сподели неколку интересни фотографии преку кои откриваме дека тој уживал во музиката односно негово хоби било да ја забавува публиката .

На една свадба тој се врати назад во времето и истата ја искористи да ја покаже умешноста која некогаш била дел од неговиот живот. 

„Работно и за викенд. Назад во времето. На свадбата кај Елена Георгиевска и Hristijan Bagi Tashkovski. Вечни да сте!“- напиша екс министерот во постот под фотографиите.

Николовски кој летово заплови во брачни води со долгогодишната девојка, при едно интервју откри дека во неговиот роден град бил ДЈ и одреден период ги забавувал Кривопаланчани пуштајќи им музика.

Хуманоста на дело: Момчето кое го фати Светиот крст во Делчево го донираше телевизорот кој го доби како поклон

Хуманоста е одраз на големите луѓе. Среќниот фаќач на Светиот крст во Делчево, Васе Панчовски заедно со неговата група одлучија денешната освоена награда, телевизор која ја доделува компанијата Зегин, да го подарат на семејство од Делчево.

Како учесник во годинешните Водици, заедно со мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој навистина му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, изјави Панчовски.

Заблагодарувајќи се за донацијата, од семејството во чиј дом беше дониран телевизорот на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така го извади чесниот крст од водите на реката Брегалница. Минатата година исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од Општината.

Охриѓанец на оригинален начин од вода ја запроси девојката на Водици

Вчерашниот голем празник некои го искористија за романтично запросување. Едно момче кое се фрлаше по крстот реши да ја побара својата сакана за жена.Па така додека сите го бараа крстот тој од водите на Охридското езеро извади прстен и ја побара за сопруга.

Идната невеста се разбира дека кажа „да“ а среќата на момчето немаше крај.

Видео: Oва е куќата во која ќе живее Атиџе во Дорфулија

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини.Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот.

Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата.

„После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Атиџе“, пишува новинарот.

Популарно