Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег

Денеска не очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура од 12 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран, во Скопје 8 и во Охрид – 7, Битола 8…

Сончево со умерена облачност и магла во котлините

Магливо време со ниска облачност ќе преовладува денеска  по котлините и долж Повардарието, а во останатите делови сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.Во Скопје магливо со максималната температура до 4 степени. утрово најниска температура од -8 степени е измерена во Берово, -7 во Маврови Анови, -5 во Прилеп, Крива Паланка и Виница, -4 во Тетово, Битола, Штип, Струмица, Претор и Дебар, -3 во Охрид, Куманово, Гевгелија и Лазарополе, -2 во Скопје и Крушево, -1 во Демир Капија и 1 степен во Дојран.

Снежната покривка во Маврови Анови утрово изнесуваше 13 сантиметри, а во Крушево и Попова Шапка по пет сантиметри

Сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска не очекува  сончево време со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до шест степени.

Во сабота по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Денеска не очекува сончево време со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне со појава на магла.Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до 13 степени. .Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до шест степени.Во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.

Популарно