Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Почина 24-годишното момче од Тетово во чиј стан вчера експлодира плинска боца.

Тој утрово почина на Клиниките во Скопје. Момчето вчера се здоби со изгореници од четврт степен откако во неговиот стан експлодира плинска боца.

11 луѓе вчера побарале помош во тетовскиот Клинички центар по експлозија на плинска боца во стан.

Почина повредената жена, сопругот и 10-годишната внука во болница

38-годишната кавадарчанка која беше најтешко повредена во утринската сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, попладнево почина на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Од „Телма“ пишуваат дека лекарите на клиниката неколку часа ја држеле под надзор поради сериозните повреди на главата, но не успеале да ја спасат.

Сопругот на загинатата е исто така меѓу повредените и заедно со 10-годишната внука е префрлен во велешката болница каде се задржани. Тројца патувале во исто возило кое било трето воверижниот судар на автопатот. Нивното возило удрило во камиончето кое застанало за да го избегне извртеното БМВ.

Девојчето се возело со своите роднини кон Скопје, а родителите на повреденото дете биле неколку возила поназад и во живо ја гледале трагичната несреќа. Никој од кавадрчаните во другото возило не бил повреден и учествувале во давањето помош на настраданите.

Во несреќата, покрај загинатата жена,  повредени се уште 4 луѓе, покрај сопругот и внуката на починатата, жител на Прилеп сам се пријавил во скопските клиники, а уште еден велешанец подоцна поради болки е примен во болницата во Велес.

Повредената жена во несреќата кај Кула во тешка состојба

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била донесена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

Жената е една од тројцата повредени во верижниот судир кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје. Останатите две лица се татко и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница.

Девојчето здобило нагмечувања на телото и заедно со таткото се задржани на опсервација. СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката во која беа вклучени шест возила и има тројца повредени. 

СТРАШНО: Три лица тешко повредени на стариот пат Тетово-Скопје

Двајца возачи и еден сопатник се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила околу 18 часот и 15 минути на стариот пат од Тетово кон Скопје. Тројцата се повредени поради судир на камион и автомобил.

– Кај требошки натпатник се судриле товарно моторно возило “мерцедес” со тетовски таблици управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса” што го возел М.Б (19) од Сараќино. Двајцата возачи како и сопатникот во опелот Б.С (20) исто од Сараќино добиле тешки телесни повреди, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тројцата по укажаната помош во тетовската болница поради сериозноста на повредите се однесени на скопските клиники. Извршен е увид од СВР Тетово за да се откријат причините за сообраќајката.

Популарно