Временска прогноза до крајот на месец февруари – кога може да очекуваме снежни врнежи

Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има. Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.

Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време. Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.

Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец.

Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари. Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.

Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.

Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март. За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени.

Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речи си повеќе од половина месец.

Сепак треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат секогаш прецизни информации и треба да служат само како насока за оние кои што нешто планираат во периодот кој следи.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно