Видео:Професорка од средно му праќала гoли фотографии на ученик

Џојс Чрчвел (40), професорка по физичко во средното училиште „Берихил“ во тулса Оклахома е обвинета за силување на 18 годишен ученик/

Џојс е мајка на две деца, го повикала тинејџерот во својот дом каде била уште една професорка и тројцата имале однос.

Таа беше уапсена и обвинета за силување од прв степен во вторникот, а другата жена која веќе дала отказ од истото училиште поминала без обвинение.

Џојс Чрчвел минатата година започнала да комуницира со тинејџерот преку Снепчет па таа му испраќаласвои голи фотографии.

Сексуалното злоставување започнало во декември, а ученикот и рекол на полицијата дека иако возраста во Оклахома за согласност на сексуален однос е 16 години и повозрасните можат да бидат жртви на доколку насилникот е во позиција на авторитет на жртвата.

Две работи треба да ги имате на трпезата за Прочка

Во недела е голем празник. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели:

„Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Во Северна Кореја застрелан првиот пациент со коронавирус

Северна Кореја го регистрирала првиот случај на коронавирус, а пациентот, наводно, наместо да се лекува, бил егзекутиран. Ваквата вест, што ја презедоа повеќе светски медиуми, најпрво беше објавена на Твитер профилот „Secret Beijing“.

Како што тврди анонимниот аналитичар, заболеното лице со коронавирусот било застрелано веднаш штом се потврдила неговата болест.

Мајмунчето Лука вратено во скопската Зоолошка градина

Мајмунчето Лука денеска попладне беше вратено во скопската Зоолошка градина. Лука престојуваше во Зоолошката во Битола, но откако се појавија фотографиии во кави услови е сместен, веднаш беше одлучено да се врати во Скопје.

В.Д. директорот на скопската Зоолошка, Ѓорѓи Галетановски изјави дека Лука нема да биде сам.

-Утринава нашиот тим отиде во Битола на лице место и го донесе Лука назад, но сега во друштво со пријателка со која ептен се дружат, така што нема да биде сам овде. Нашите ветеринари и биолози го дезинфицираа и го обезбедија живеалиштето и двете мајмунчиња да ги имаат сите потребни услови, рече Галетановски.

Популарно