Облачно со снег на повисоките места

Денеска не очекува променливо облачно време, на повисоките места и на планините во западните делови со повремен слаб снег. Ќе дува слаб, кон крајот на денот долж Повардарието и умерен северен ветер .Утринската температура ќе се движи од минус два до минус шест степени, а утринската температура  од два до седум степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно. Ќе  дува слаб умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до четири степени

Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3,  а дневната од  минус 12 до 21 степени. Во Скопје, , максимална температура до 15 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на денешниов ден времето во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Претпладне врнежи од дожд, а на планините од снег

Во тект на денешниов ден времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд кои во попладневните часови ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 9 степени.</p>

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер

Популарно