ФОТО: Меган фотографирана на прошетка со Арчи, а луѓето веднаш ја искритикуваа

Меган Маркл е снимена како со широка насмевка на лицето го шета синот Ачри и две кучиња во Канада, каде живее откако таа и сопругот принцот Хари соопштија дека се повлекуваат од кралското семејството.

Меѓутоа, замерките кон Меган не престануваат и покрај нејзиниот среќен изглед. Многумина преку коментари ја нападнаа за начинот на кој го држи синот.

Слободата на коментаторите оди дотаму, што на Меган и препорачуваат да ангажира дадилка или пак да побара совет од некого за тоа како правилно се држи дете.

-Ве молам некој нека и покаже на Меган како се користи кенгур пред кутриот Арчи да испадне, гласи само еден од коментарите.

ФОТО: Ќерката на Мадона го покажа меѓуножјето

Ќерката на познатата пејачка Мадона, Лурдес Леон, позната по многу испади, повторно ја шокираше јавноста на модната недела во Лондон.

Манекенката е фотографирана по ревија во видноалкохолизирана состојба, додека едвај успева да влезе во автомобил. На себе носеше маица која беше прекратка, а бидејќи не можеше да го држи телото го покажа и меѓуножјето пред сите, што многубројните папараци го забележаа.

ФОТО: Сите гледаа во замореното лице на војвотката од Кембриџ

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на една добротворна свеченост во Лондон, а многу внимание привлече изгледот на војвотката од Кембриџ.

Кејт се појави во црн капут, а под него имаше фустан, меѓутоа, стајлингот не е тоа што го коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Тие се фокусираа на нејзиното лице, па велат дека Кејт не била адекватно дотерана за оваа прилика и оти изгледа многу заморено, но и дека тоа не успеала да го сокрие.

Фотографите забележаа и дека на палецот на десната рака имала повреда, со оглед на тоа што носеше фластер.

ФОТО: Кети Пери се пофали со новата фризура

Познатата пејачка Кети Пери во својата досегашна кариера неколку пати експериментираше со својата коса, Музичката ѕвезда некогаш имаше и кратка коса, се фарбаше во различни бои…

Меѓутоа, Кети на социјалните мрежи сега сподели фотографија од нејзината најнова фризура. На неа ја гледаме со бранови во косата и со потемна нијанса на влакната – сосема различно од русата боб-фризура, која ја носи во последно време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

if you don’t love me at my pixie cut then you don’t deserve me at my Goddess glow

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Популарно