Скандал: Наместо да ја следат наставата, ученици во Штип служат како технички персонал и вршат физичка работа

Учениците во СОУ „Јане Сандански” во Штип наместо да ја следат наставата, да стекнуваат нови знаења и вештини, тие, како што пренесува Курир.мк, служеа како технички персонал. Учениците биле ослободени од настава за да пренесат материјал потребен за во училиштето. 

Дали директорката Емилија Рамбабова ја оправдува оваа „пракса“ на учениците и дали ова претставува коренита промена на образовниот систем?

Од друга страна, дали се запознаени родителите дека иако децата ги праќаат на настава, тие наместо да учат се вклучени во физичка работа?

ВИДЕО: Резервата на пасоши се намалува а решение нема

Уште 3.146 пасоши остануваат на располагање на граѓаните. МВР ќе испрати Телеграма до Граничните премини, граѓаните кои имаат патни документи од други држави, да може да патуваат со нив.

-9-члената Комисија која одлучува кој ќе ги добие преостанатите пасоши досега одобрила 236 барања за добивање патна исправа. Негативно, пак, одговорила на 214 барања.

Најголем дел од одобрените барања се на граѓани кои треба да се лекуваат во странство и оние кои треба да заминат на работа, а веќе имаат склучено договори.

Властите се уште бараат решение на пасошката криза додека да пристигне пратката од 100.000 обрасци од германската компанија „Веридос“.

Иако техничкиот премиер вчера рече дека не може да се продолжи рокот на трање на пасошите поради Законот за патни исправи, дополнителната замек-министерка, која доаѓа од партијата на Спасовски, вели дека можно решение е ставање печат на последната страница за да се пролонгира нивната важност. Меѓутоа, ова би важело само за истечените пасоши, но не и за оние кои треба да истечат во следниот период.

Извори од МВР велат дека ваков предлог веќе има, но не е испратен до Влада бидејќи се чека потпис од дополнителната заменик-министерка.

Претходно, техничкиот министер како можно решение го кажа испраќањето дипломатска нота до сите држави со која ќе се информираат за продолжување на важноста на пасошите.

Велешанец се опијанил па искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

Некои граѓани од земјава едноставно не можат да се помират со промената на Уставното име. 

Еден велешанец бил уапсен, бидејќи откако добро се опијанил, искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“.

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Најатрактивните огласи за изминатата недела. Аплицирајте на некој од нив!

Цементарница УСЈЕ објавува 2 огласи за ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА: https://kariera.mk/company/ZmXYrrxwAkW7H_rGItd-_g/cementarnica-usje-ad-skopje

Mellon Solutions има потреба од ТЕРЕНСКИ АГЕНТИ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ: https://kariera.mk/job/KXh0WLPOkkGtS7W7h0wKHw/terenski-agenti-za-naplata-na-dolgovi

Vesica го проширува својот тим со COMPUTER VISION AND AI: https://kariera.mk/job/ZBynfG6-M0-rd6HTuVdETg/computer-vision-and-ai

Fitness House има потреба да го дополни тимот со ГОТВАЧ И ПОМOШНИК ГОТВАЧ: https://kariera.mk/job/_MkmbtjN1ECbnIyGdOZgOg/gotvach-pomoshnik-gotvach

Нептун има потреба од: 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - БИТОЛА: https://kariera.mk/job/vRsOzW6MO0OHKE4tF7ghmQ/referent-za-prodazhba-bitola

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - НЕГОТИНО: https://kariera.mk/job/iaWQRymbz0yKKTIRdgAZ7A/referent-za-prodazhba-negotino

Популарно