Скандал: Наместо да ја следат наставата, ученици во Штип служат како технички персонал и вршат физичка работа

Учениците во СОУ „Јане Сандански” во Штип наместо да ја следат наставата, да стекнуваат нови знаења и вештини, тие, како што пренесува Курир.мк, служеа како технички персонал. Учениците биле ослободени од настава за да пренесат материјал потребен за во училиштето. 

Дали директорката Емилија Рамбабова ја оправдува оваа „пракса“ на учениците и дали ова претставува коренита промена на образовниот систем?

Од друга страна, дали се запознаени родителите дека иако децата ги праќаат на настава, тие наместо да учат се вклучени во физичка работа?

Пред 8 месеци, адвокат во емисија на ТВ Хепи зборувал за криминалните кланови со македонски пасош

Адвокатката Зора Добричанин пред осум месеци на српската телевизија Хепи во емисија зборувала за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши.

– Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија, вели Добричанин.

Да потсетиме, опозицисата ВМРО-ДПМНЕ прва ја објави во јавност аферата „Мафија“. Имено, македонската полиција им издавала пасоши на повеќе балкански криминалци и нарко-босови, со лажен идентитет.

Утрово, Антонијо Милошоски објави дека власта дала македонски пасоши на терористи од ИСИС.

46 лица починати и 687 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 310

-Куманово 55

-Битола 35

-Прилеп, Охрид и Струмица по 33

-Велес 31

-Кавадарци и Тетово по 23

-Гостивар 19

-Штип и Кочани по 17

-Свети Николе 11

-Кичево, Ресен и Виница по 7

-Неготино 6

-Гевгелија и Македонски Брод по 4

-Струга 3

-Богданци 2

-Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по 1

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола - 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово - 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г).

Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од:

-Скопје 780

-Битола 94

-Куманово 67

-Охрид 51

-Штип 44

-Велес 43

-Тетово 33

-Кичево 32

-Гостивар 21

-Кавадарци 20

-Гевгелија 19

-Кочани 16

-Берово 14

-Струга 12

-Свети Николе и Ресен по 11

-Прилеп и Делчево по 10

-Неготино 9

-Крива Паланка 8

-Пробиштип и Дебар по 6

-Радовиш и Македонска Каменица по 5

-Виница, Демир Хисар и Кратово по 4

-Богданци и Пехчево по 3

-Македонски Брод и Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Утрото свежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 19 степени.

И во понеделник времето ќе се задржи стабилно со дополнителен пораст на дневната температура. Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Популарно